Насловна / Архитектура / Модерна адаптација на куќа во Шкотска

Модерна адаптација на куќа во Шкотска

Од уништен имот од 18 век креиран е објект што плени со својот изглед.
Селска куќа наречена Coldrach, се наоѓа во Националниот парк Cairngorms во североисточниот дел на Шкотска. Бидејќи била целосно уништена, британското архитектонско студио Moxon доби задача за нејзино комплетно реновирање, со додавање на нов објект со сличен волумен, кој би бил поврзан на начин да се направи имот удобен за живеење.shkotska-kukja_8_resize
Со додавање на топла врска меѓу стариот, реновиран објект и новата куќа добиена е комплекс во форма на буквата U.
Постоечкиот објект од камен бил пред реновирањето во потполност распаднат. Неговата внатрешност и покрив се реновирани, а првобитниот изглед на фасадата се задржани, со цел да се зачува концептот на планинската куќа.shkotska-kukja_7_resize
Објектот со слични димензии, како и топлата врска која ги поврзува постојната и новата структура, обложени се со ариш дрво и брановидни метални панели со црвеникава боја.
Иако претставува транзиција помеѓу два визуелно различни дизајни, топлата врска обезбедува единствена функционалност на комплексот.shkotska-kukja_6_resize shkotska-kukja_5_resize
Погледот кон природата го овозможуваат големите стаклени панели, кои може да се движат и да се овозможи пристап до градината.
Во проширениот дел од 120 квадратни метри се наоѓа кујна со трпезарија. Доминантниот сегмент на просторот е стаклен агол на куќата преку кој се овозможува поглед на планината Lochnagar.shkotska-kukja_4_resize shkotska-kukja_3_resize shkotska-kukja_2_resize shkotska-kukja_1_resize

Испрати коментар

Scroll To Top