Насловна / Ентериери / Модерен апартман со едноставен ентериер

Модерен апартман со едноставен ентериер

Едноставност, чисти линии, внимателно одбрани бои и современ дизајн се одликите на ентериерот на дизајнерското студио HerZu Design со локација во Кина.

Дневната просторија има отворен план и на неа се надоврзуваат кујната и трпезаријата. Во овој простор преовладуваат сиви нијанси, бела и тиркизна боја. Подот е изработен од темно дрво кое претставува контраст на теписонот со геометриски шари. Специфични се деталите како што се дрвените полици на ѕидовите, уметничкото дело од мермер над софата и уникатниот мебел. Во трепезаријата е поставена едноставна дрвена маса со столчиња во бела боја, додека во спалната просторија преовладуваат нијанси на сива боја.

апартман-2 апартман-3 апартман-4 апартман-6 апартман-7 апартман-8 апартман-10 апартман-13 апартман-14 апартман-15 апартман-16 апартман-17 апартман-18 (2) апартман-19 апартман-20

Испрати коментар

Scroll To Top