Насловна / Арт и дизајн / Miura на Константин Грчиќ

Miura на Константин Грчиќ

Германскиот дизајнер Константин Грчиќ е автор на столицата Miura за италијанскиот бренд Plank, која доаѓа во седум различни бои.

Барската столица Miura е направено од армиран полипропилен со помош на пластично обликување со вбризгување.

2

Според брендот, „лансирањето на Miura ја следеше трансформацијата на Plank од производител на дрвени столици во меѓународна дизајнерска компанија, која започна во 1998 година“.

„На почетокот, пораката беше прилично јасна: да се дизајнира нова барска столица. Како што почна проектот да поприма облик, откривме потенцијал за иновација што не го очекувавме“, рече дизајнерот Грчиќ.

1

„Едноставната барска столица се претвори во столица што може да се сложува, што во тоа време беше новина. Исто така од размислување за конвенционална конструкција од челик или алуминиум, преминавме на користење пластично вбризгување“.

Miura е создадена во 2005 година и може да се користи и во внатрешни и во надворешни простори.

3

Столицата се наоѓа во стални колекции на меѓународни музеи, вклучувајќи го Музејот на модерна уметност во Њујорк, МоМА, минхенскиот Die Neue Sammlung и Институтот за уметност во Чикаго, а ја освои и наградата iF Design Award Gold.

4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top