Насловна / Архитектура / Министерството не ја повика ААМ да даде забелешки и предлози за Законот за легализација на дивоградби

Министерството не ја повика ААМ да даде забелешки и предлози за Законот за легализација на дивоградби

Од Министерството за транспорт и врски велат дека во процесот на изработувањето на Нацрт законот за регулирање на статус на бесправно изградени објекти, преку барање на мислење и работни средби ќе бидат вклучени државни органи, единиците на локална самоуправа, асоцијации, комори и други засегнати страни. Верзија од Нацрт законот за регулирање на статус на бесправно изградени објекти од 26.07.2021 година веќе е поставен на веб страницата на Единствениот електронски национален регистар на прописи – ЕНЕР. Преостанато време за коментирање, забелешки и предлзи за овој закон е 16 дена. Рок за доставување на предлогот на законот до Генералниот секретаријат е 1 септември 2021 година.

По тој повод се огласи Асоцијацијата на архитекти на Македонија и се обрати до колегите.

Во целост ви го пренесуваме дописот на ААМ:

ААМ (Асоцијацијата на архитекти на Македонија) до сега нема доставено предлози за измени или дополнување на Нацрт закон за регулирање на статус на бесправно изградени објекти. Како струково здружение на 25 јуни ААМ и Министерството за транспорт и врски потпишаа Меморандум за соработка. При потпишувањето меѓу другото беше договорено ААМ да се вклучи во работните групи кои ќе го изработуваат новиот Предлог закон. Но, до сега Асоцијацијата не е повикана да даде официјални предлози ниту забелешки.

Сепак, УО на ААМ реши да достави забелешки и предлози на Нацрт законот за регулирање на статус на бесправно изградени објекти преку јавните медиуми. Затоа, во прилог ви го испраќаме текстот на Нацрт законот и за кој ве молиме да доставите свои забелешки до 10.08.2021 како би можеле да ги селектираме и синтетизираме во официјален документ на ААМ.

аам

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top