Насловна / Вести / Минималистичко бегство во Мајами кое восхитува со спектакуларни погледи

Минималистичко бегство во Мајами кое восхитува со спектакуларни погледи

Дизајнерката Кара Ман и нејзиниот тим имале задача целосно да ја реконструираат внатрешната архитектура и да воспостават целосно нов изглед на домот.

1 (7)

Со спојување на просторите, дизајнерката Ман создала пристап до спектакуларниот поглед над океанот, градот и заливот. Ентериерот во овој дом е обложен во White Dove на Бенџамин Мур, со додаток на мали дози на суптилни беж, розови и зелени нијанси во мебелот.

1 (6)

Мирната дневна соба нуди посебно чувство на спокојство со кадифен тросед во крем боја, бели маси од Imperfetto Lab и неутрален тепих Старк. Главната бања е изработена со луксузни плочи од мермер Arabescato Corchia. Осветлувањето исто така е важен елемент во дизајнот на домот.

1 (5)

Завршувањето на уредувањето на домот го овозможиле извонредните дела од обемната колекција на уметнички дела. Во ходникот, скулптурата на Сол Левит се наоѓа во непосредна близина на платното од големи размери на Џули Нојфер.

1 (9)

Отворениот простор во домот, нуди огромен број можности за нови аквизиции.. “Сакавме домот да изгледа убаво и возвишено, но и забавно“, вели Ман.

1 (8)

АВТОР: Сања ВЕЛКАКОВА

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top