Насловна / Архитектура / Тајландскиот залив на желките: Еко-туризам на оригинален начин

Тајландскиот залив на желките: Еко-туризам на оригинален начин

Фантастична дестинација за сите љубители на еко-туризмот, тајландскиот Залив на желките …

15_resize

Но, не е само идеална дестинација за еко-туризам, бидејќи овој оригинален залив има и ресторан со органска кујна, локална занаетчиска продавница за сувенири и домаќинско сместување (но на посебен начин) кое се наоѓа во бујна природна област на егзотичниот Тајланд. Станува збор за една од главните туристички атракции во областа, а „богатата понуда“ на природата вклучува диви птици, големи дрвја и не помалку атрактивно езерце со цветови од лотос, што послужило како главна инспирација за дизајнот на целиот проект.

17_resize

16_resize

За да го смисли името на овој необичен дизајн, архитектот Sarawoot Jansaeng-aram го користел името на локацијата, односно тајландскиот збор за планина („khao“), додека другиот дел од името се однесува на желка („tao“) . Самиот поглед на овие куќи покажува дека архитектот бил инспириран од оклопот на желките, додека материјалите се внимателно избрани за да создадат избалансирана хармонија со природната средина.

10_resize

12_resize

Така, кровови од шиндра речиси незабележливо се спојуваат со површината на тлото, која е направена од чакал и камен, што во исто време дополнително го нагласува изгледот на куќата на желките. Другиот главен материјал што се користел за изградба на кровот и ѕидот е бамбусот, кој е избран поради неговата неверојатна способност за виткање.

13_resize

1_resize

Користејќи ги знаењата и техниките на локалните занаетчии, архитектот проектирал голем простор со висок кров и стратешки позиционирани прозорци за да се постигне природна вентилација, додека опремата во форма на соларни панели исто така делумно е користена на некои кровови. На овој начин, електричната енергија произведена во текот на денот од природна светлина мудро се користи за да се осветли целиот комплекс во текот на ноќта.

8_resize

9_resize

11_resize

18_resize

6_resize

5_resize

4_resize

3_resize

2_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top