Насловна / Вести / „Мерцедес“ го развива најефикасниот електричен автомобил во светот

„Мерцедес“ го развива најефикасниот електричен автомобил во светот

Германскиот производител на автомобили Mercedes-Benz подготвува нов модел на електричен автомобил, под името Vision EQXX. Според зборовите на претставникот на компанијата, станува збор за најефикасниот електричен автомобил кој светот било кога го видел. Претставникот на „Мерцедес“, Markus Schaefer рекол дека за развојот на овој модел ангажирана нова група на инженери и дека целта е да се создаде автомобил со најголем домет и највисоко ниво на ефикасност.  Vision EQXX ќе се користи за тестирање на нови технологии за подобрување наефикасноста и нивно воведување во автомобилите кои с ево сериско производство.  Според информациите на компанијата,  Vision EQXX ќе може да помине оддалеченост од 1.200 километри со едно полнење. Германскиот производител истакнува дека во проектот е вклучена групата Mercedes-Benz од Формула 1, со седиште во Велика Британија. Засега не е познато кога Vision EQXX би можел да се појави на пазарот.

vision1

vision2

vision3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top