Насловна / Арт и дизајн / Меморијален споменик од Ај Вејвеј на островот Лезбос

Меморијален споменик од Ај Вејвеј на островот Лезбос

Најпознатиот кинески уметник и борец за човекови права Ај Вејвеј, најави дека ќе постави меморијален споменик на грчкиот остров Лезбос во чест на бегалците, меѓу кои има голем број што загинаа обидувајќи се да стигнат до Европа.

Островот беше главниот влез во ЕУ за стотици илјади бегалци изминатата година. Студиото ќе создаде неколку проекти со теми инспирирани од бегалската криза во соработка со неговите студенти.aiweiwei greece

„Како уметник морам да се поврзам со човековото страдање. Никогаш не ги одвојувам овие случувања од мојата уметност“, вели Вејвеј, кој е познат како уметник кој во неколку наврати се судрил со кинеските власти за неговата работа.

„Лезбос не е границата, туку границата е во нашите срца и глави“, рече Вејвеј.ај вејвеј грција

Тој планира да го посети островот уште неколку пати во текот на годината, а ако кризата продолжи, ќе го посетува и по 2016 година. Во проектот ќе се вклучат од шест до десет негови студенти од Кина и Германија.lezbos aj vejvej

Испрати коментар

Scroll To Top