Насловна / Архитектура / Црквата Bishop Edward King – одраз на желбите на корисниците и намерите на архитектот

Црквата Bishop Edward King – одраз на желбите на корисниците и намерите на архитектот

Постои правец во архитектурата кој третира само религиозни објекти. Светската историјата е богата со монументални архитектонски дела за разни религиозни објекти. Најчесто, овие објекти биле доверувани на најдобрите архитекти, каде тие можат да се изразат и да ја претстават својата визија.OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Архитектот Nail McLaughlin ја остварил својата визија токму со проектирање на малата црква „Bishop Edward King“, која се наоѓа во кругот на теолошкиот колеџ Ripon во малото гратче Cuddesdon, Обединето Кралство. Овој проект бил награден од Кралскиот институт на британските архитекти со прва награда во 2009 година. Сè започнало со објавување на меѓународен конкурс за проектирање на црква од страна на колеџот Ripon.Eksterier 2

На овој конкурс како најдобро решение е избран проектот на архитектот Nail McLaughlin, во конкуренција од 126 предадени проекти од сите страни на светот. Наградениот проект е изграден со цел да ги задоволи духовните потреби на две заедници, студентитие што студираат на факултетот Ripon и мала група калуѓерки од сестринството Begbroke.Eksterier 3

Сместена помеѓу стари букови дрвја, малата црква нуди мир и место каде студентите ќе можат да ги исполнуваат своите религиозни обреди. Големите букови дрвја, кои имаат повеќе од 300 години, природно ја наговестуваат идејата објектот да се направи со различни елементи од дрво како во конструктивниот дел, така и во ентериерот. Објектот е проектиран во два дела; едниот дел е влезот на црквата, кој е со помали димензии, за преку него да се навлезе во високата овална просторија исполнета со светлина, која има капацитет за 120 верници. Enterier 2

Највпечатлив момент при влез во црквата се 34 тенки столбови од дрво кои се издигнуваат високо и се испреплетуваат на врвот формирајќи илузија на разгрането дрво. Дрвените столбови се изработени од префабрикувани ламелирани носачи од дрвниот вид ариш, со дебелина од 60 милиметри. На местото каде дрвените носачи се прекрстуваат, се употребени специјално дизајнирани метални конектори коишто не се гледаат за да се долови идејата за разгрането дрво. Целиот објект се простира на вкупна површина од 300 квадратни метрии има висина од 13 метри.Enterier 1

Во ентериерот се искористени повеќе материјали како камен, гипс, бетон, дрвени ламелирани столбови од дрвниот вид ариш, мебел од јасен, но сепак сите овие материјали имаат нешто заедничко, а тоа е светлата боја која формира еден вид единство во целиот простор. Но најважно од сè, е тоа што овие светли бои ја истакнуваат играта на светлината што навлегува од прозорците, кои се наоѓаат во највисокиот дел на објектот и, секако, се најважниот дел од целиот проект.

Во процесот на дизајнирање, архитектот McLaughlin направил повеќе студии како сончевата светлина се провлекува низ крошните на околните дрвја, и овој принцип е искористен и пресликан во ентериерот на црквата.Eksterier detal 1

Однадвор црквата е изработена со камена структура која оформува една целина во согласност со старата камена архитектура на факултетот. Кровот и дрвената конструктивна рамка се проектирани како целина, но сепак се статички независни од надворешните камени ѕидови, што може да се забележи од симболичните конструктивни врски меѓу нив. Во долниот дел црквата е изработена во мазна камена структура, додека погоре се употребени грубо изработени камени елементи. На врвот црквата има прозорци кои ја пропуштаат дневната светлина да пенетрира во ентериерот осветлувајќи го просторот, а тоа ѝ дава посебна атмосфера на смиреност.Enterier 5

Едноставниот факт за оваа мала црквичка е самото тоа што е прекрасно изработена со посебно внимание на деталите. Прекрасна е исто колку и старата голема бука во близина. Проектот е одраз на желбите на корисниците и намерите на архитектот. Суштината на објектот е во внимателната изработка на сите детали и воедно тоа е и неговата најголема вредност.Enterier 6 Enterier 7 Enterier 8 Enterier detal 1 Enterier detal 2 Enterier detal 3 Enterier detal 4 Enterier detal 5 Enterier detal 6

Испрати коментар

Scroll To Top