Насловна / Вести / Видео проект за Скопје од студентите на „Американ колеџ“

Видео проект за Скопје од студентите на „Американ колеџ“

Студентките Амина Кадриќ и Јулинда Гега од прва година на магистерски студии при универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје, работеа на видео проект, кој се одвивал во рамките на предметот Урбан дизајн 1.скопје

Кадриќ и Гега работеле на истражување и анализа на историската оска Север-Југ во градот Скопје. На проектот се работело околу три месеци, а резултатот е видео во коешто се гледа амбиентот во секој дел од оската Север-Југ, како и навиките и рутините на жителите во истата.
Биле истражувани сите културни објекти долж оската, односно секој објект кој е значаен и кој дефинира одредено време во овој град. Во видеото се покажани и фотографии на кои се прикажани делови од оската на кои можеби малкумина обрнале внимание, како пракови вовлечени во атриумите на објектите итн. Сето ова е составено по хронолошки редослед.

Испрати коментар

Scroll To Top