Насловна / Арт и дизајн / Мегајахтата „Домус“, тримаран со нулта емисија

Мегајахтата „Домус“, тримаран со нулта емисија

Бироата за дизајн на јахти Van Geest Design и Rob Doyle Design осмислиле концепт на тримаран, кој има за цел да биде „првата јахта со нулта емисија над 750 бруто тони“.

Мегајахтата „Домус“ би ја движеле комбинација на водородни горивни ќелии, хидрогенерирање – создавање енергија преку пловење – и соларна енергија.

3 (1)

Дизајнерите велат дека ова ќе и даде на јахтата неограничен домет, со систем за складирање на батерии за да го одржува пловилото во функција во текот на ноќните часови. Бродот би бил целосно тивок кога е закотвен, без бучава од генератор или издувни гасови.

Van Geest Design (VGD) и Rob Doyle Design (RDD) го проектирале ентериерот да се доживее „како вила или бунгалов“, со сите простори распоредени на една палуба без скали.

„Домус“ е тримаран, што значи дека има три трупа, наместо два како катамаран. VGD и RDD го проектирале пловилото за да истражат колку е поефикасна оваа класа на брод во споредба со катамаран.

Бродот би бил долг нешто повеќе од 40 метри, но неговата внатрешна површина би се протегала на речиси 800 квадратни метри – повеќе од четири пати поголема од внатрешната површина на повеќето едрилици со еден трупот, а со иста должина.

1 (1)

Според проектантите, тримаранот е полесен за изградба и се движи побрзо од катамаран со еквивалентна големина, а истовремено нуди повеќе простор и поголема удобност.

Причината зошто би било полесно и поевтино да се изгради е што сите системи и инженеринг се во централниот дел на трупот и не би морале да се дуплираат на два трупа како кај катамаранот.

2 (1)

VGD и RDD го опишуваат проектот дека „во основа е како проект за брод со еден труп, но со потпорни носачи“.

Бироата велат дека двојно го зголемиле внатрешниот простор во споредба со катамарани од 40 метри, бидејќи функциите на бродот можат бидат организирани со поефикасен дизајн.

4 (1)

„Сметаме дека сегашниот тренд на проектирање на големи катамарани за суперјахти во основа е погрешен“, велат од двете бироа.

„Убедени сме дека ако посакувте предности од повеќе трупови со големина преку 40 метри, единственото практично решение е тримаран“.

5 (1)

Сите услуги на „Домус“ – како што се кујна, простор за перење и за екипажот – би биле лоцирани во централниот труп, додека надворешните трупови главно би се користеле за складирање, а целата должина на главната палуба горе би била наменета исклучиво за ексклузивна употреба на сопственикот и неговите гости.

6

Главната палуба би вклучува две ВИП и четири кабини за гости, два атриума покриени со жалузини со соларни панели, спа центар, теретана, базен, платформи за плажа, кино и простори за одмор.

„Домус“ го добил името по тип на староримска куќа каде живеела општествената елита, а која била распоредена околу централен двор или атриум.

7

VGC и RDD изјавиле дека го преиспитале секој аспект на проектирање јахти за да го создадат концептот на „Домус“.

„Јахтата ги има истите погодности како моторната јахта долга 60 метри, но начинот на кој просторите меѓусебно делуваат е сосема поинаков“, додаваат VGC и RDD.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top