Во ерата на климатските промени и зголемената урбанизација, одржливоста е тема на која мораме постојано да размислуваме. Секој нов објект за живеење, за работа или за престој е одраз на нашата одговорност кон животната средина и кон идните генерации.
Одржливото градење значи промислено користење на природните ресурси, минимизирање на потрошувачката на енергија и интеграција на еколошките материјали и технологии. Според податоците на Европската комисија, градежниот сектор е одговорен за околу 36% од емисиите на CO₂ и околу 40% од потрошувачката на енергија во Европската Унија, што ја нагласува важноста на секој чекор кон совесно градење.
Архитектите, како визионери на просторот, денес ја имаат клучната улога во обликувањето на иднината. Со иновативен дизајн, внимателно планирање и примена на современите архитектонски принципи, врвната архитектура денес создава градби кои се, од една страна, естетски впечатливи, а од друга и функционални, економични и еколошки.

Глина: традиција, иновација и одржливост во едно
Меѓу најстарите и најважните природни материјали во архитектурата, глината го зазема почесното место. Таа е материјал кој ги обединува традицијата и потребите на модерното живеење, овозможувајќи создавање градби кои се во дослух со природата.
Благодарение на своите физички карактеристики, глината обезбедува до 30% подобра топлинска изолација во споредба со бетон или метал, ја регулира влажноста во просторијата помеѓу 45% и 55%, и природно ја акумулира топлината, со што значително се подобрува енергетската ефикасност на објектите.

Едни од најпознатите и нашироко употребувани производи од глина се ќерамидите. Природните глинени ќерамиди Tondach, зад кои повеќе од 200 години стои компанијата „Винербергер“, се симбол на врвна технологија, квалитет, издржливост и естетика, а воедно и пример за одржливост.
Производството на 100% глинените ќерамиди се врши со современа технологија за печење на температура од над 1.000 °C, со намалена емисија на CO₂ за до 15% во последната деценија. Овие ќерамиди можат да траат со децении, може целосно да се рециклираат, не содржат токсични материи и придонесуваат за намалување на трошоците за греење и ладење до 25%.

Материјал што дише, покрив што живее
Способноста на природните глинени ќерамиди да апсорбираат и да ослободуваат влага придонесува за здрава клима во просторот под покривот направен од нив. „Винербергер“ со векови работи на сè подобри перформанси на своите производи со цел покривот на градбата да може да дише.
Глината како порозен материјал дише сама по себе, но за да дише целиот покрив и во него да не се задржува влага за да не се создава мувла и да не гние дрвената конструкција, потребно е инсталирање на целосно системско покривно решение, во кое сите елементи уиграно ќе го овозможуваат тоа „дишење“.
Дишењето на покривот значи дека воздухот во потпокривниот простор може слободно да циркулира преку природен процес на вентилација, кој создава стабилна и здрава микроклима во градбата, со пријатна температура во текот на целата година и помали сметки за електрична енергија.

Покривот како системско решение
Кога зборуваме за покрив, ние во „Винербергер“ зборуваме за системски покривни решенија. Нашите системи се состојат од оригинална покривна опрема Tondach, со повеќе од 50 керамички и некерамички додатоци.
Керамичките додатоци како што се капак, вентилациска ќерамида, завршна ќерамида, почетен капак, тројник и четворник се дизајнирани за совршена функционалност и долготрајност.
Вентилацискиот елемент за стреа заедно со заштитната решетка за птици, која има двојна улога, овозможуваат влез на воздухот во поткровниот простор. Со каналите за вентилација се овозможува струење на воздухот од стреата кон билото, што е неопходно за сушење на надворешниот дел од покривот и за постојаност на температурата. Вентилациската лента за било/гребен освен сува монтажа и избегнување на малтер обезбедува и излез на воздухот, притоа решавајќи ги проблемите со влагата.
Вградувањето на системските решенија на Tondach е едноставно и брзо со помош на бесплатната техничка поддршка која ја нудиме за нивно правилно вградување. Во комбинација со 33-годишна гаранција, инвеститорите ќе обезбедат трајна вредност за своите наследници и поголема вредност на имотот доколку еден ден сакаат да го продадат.

Градиме одржлива иднина
Во денешните архитектонски трендови насочени кон што поодржливи и енергетски ефикасни решенија, покривот добива ново значење. Тој не служи само за заштита од временските услови, туку е и активен елемент во создавањето здрав, еколошки, долготраен и енергетски ефикасен објект.
Одржливиот покрив направен како системско покривно решение со глинени ќерамиди е инвестиција во иднината – во подобар квалитет на живеење, во зачувување на природните ресурси и во архитектура која ја почитува рамнотежата помеѓу човекот и природата.
Таквите решенија не се само избор на совесни архитекти и инвеститори, туку и неизбежен чекор кон одржливи градби што ќе го издржат тестот на времето.
* Комерцијален текст

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија