Разликата помеѓу просечните цени на електричните и класичните автомобили за само една година се намалила за речиси пет пати, покажува едно истражување од Германија. Промената во односот на цените го покажува студијатa која објавена од страна на агенцијата DPA. Утврдено е дека во моментот разликата е нешто помалку од 1.600 евра помеѓу просечната цена на најдобрите возила со мотор со внатрешно согорување и 20 најдобри чисто електрични возила.

Пред нешто повеќе од една година, во септември 2024 година, разликата била поголема од 7.500 евра. Минатогодишната анализа била базирана на малку поинаков микс на возила, но сепак трендот по кој се движат цените е сосема јасен. Анализата не ги користи официјалните каталошки цени на производителите, туку реалната цена на чинење на автомобилите кога ќе се одземат сите попусти и други погодности. Токму овие попусти и погосности се клучен фактор за споменатото движење на цените. Се наведуваат и две дополнителни причини. Првата се однесува на високиот удел на возила кој се регистрираат многу краток период (кај електричните возила) и демонстрациони возила. Овие возила обично стигнуваат на пазарот на половни автомобили многу брзо и со мала километража, што ги прави релативно ефтини. На тој начин вршат притисок врз намалувањето на цените на новите автомобили. Втората причина е промената во палатата на модели.

Аналитичарите препознаваат простор за понатамошно намалување на цените на електричните автомобили, бидејќи фиксните трошоци се намалуваат со зголемувањето на продажбата односно обемот на производство.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија