Насловна / Архитектура / Louis Vuitton Maison Seoul на Френк Гери

Louis Vuitton Maison Seoul на Френк Гери

Louis Vuitton Maison Seoul, проектиран од архитектите Френк Гери и Питер Марино се отвори во главниот град на Јужна Кореја. Прославувајќи го корејското наследство и култура, дизајнот поставува закривена стаклена фасада, поставена преку бел кубус, пишува ArchDaily.

3
Сместен во соседството Cheongdam-dong во областа Gangnam, зградата е првиот објект на Гери во Јужна Кореја. Познат по својата прочуена соработка со брендот и Фондацијата Louis Vuitton, парискиот уметнички музеј и културен центар, Френк Гери создал структура која ја нагласува силната врска што LV ја развива со јужнокорејскиот главен град. Во соработка со американскиот архитект Питер Марино, кој го проектирал ентериерот, Гери инспирација барал не само во своите препознатливи форми во неговата интервенција во Париз, туку и во клучните елементи на историската корејска архитектура „како тврдината Hwaseong која датира 18 векови наназад или подвижните кревети и белите костими на Dongnae Hakchum”.

9
„Она што ме фасцинираше кога првпат го посетив Сеул пред скоро 25 години, беше односот помеѓу архитектурата и природниот пејзаж. Се уште јасно се сеќавам на моќните впечатоци што ми ги остави градината Jongmyo Shrine. Пресреќен сум што го проектирав Louis Vuitton Maison Seoul, кој ги одразува традиционалните вредности на корејската култура“, вели Френк Гери за ArchDaily.

1
Сместен на постоечка локација на продавница на LV, предниот дел на објектот целосно е покриен со стакло, низа од затворени тераси кои кулминираат со бранови од стаклени плочи. Лежејќи на кубус од бел камен, конструкцијата одразува силно чувство на леснотија.

12

2
„Внатрешните простори се дизајнирани со строгост за да се овозможи посилно да го потенцираат енергичниот скулптурален квалитет на надворешноста на Гери. Внатрешниот камен извира од надворешниот. Динамиката на правоаголните волумени чисто се спротивставува на барокните стаклени штитови на зградата“, вели Питер Марино за ArchDaily.

7
На последниот кат со стаклен кров, ќе се смести Espace Louis Vuitton Seoul, изложбен простор кој за своето прво излагање ќе претстави осум амблемски скулптури на швајцарскиот скулптор и сликар Alberto Giacometti. Курирано од Питер Марино, мноштво уметнички дела и мебел претставени во продавницата создаваат единствено искуство, каде посетителите можат да купуваат опкружени со уметност, на сите пет спрата.

8

5
Некои од делата кои се наоѓаат во објектот, вклучуваат уметничка работа на Mark Hagan, Marcello Lo Guidice, Brendan Smith, Luigi Mainolfi, Martin Kline, Harmony Hammonds, Bernard Aubertin и Anselm Reyle.

6

4

10

Испрати коментар

Scroll To Top