Насловна / Вести / „ЛОИ Рио 2016“ – Олимпијада во море од бактерии!

„ЛОИ Рио 2016“ – Олимпијада во море од бактерии!

olimpijadario2016

На точно една година пред стартот на Летната олимпијада во Рио, еколошки скандали грмат како огномет од сите страни. Најновите испитувања на примероците од водата во заливот Гуанабара и во езерото Родриго де Фреиташ, покажаа шокантно високи вредности на загаденост на водата во која следното лето треба да се „ловат“ медали во повеќе спортски дисциплини.

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) донесе одлука да се реализираат периодични испитувања на квалитетот на водата сè до почетокот на Игрите, за да не биде доведено во опасност здравјето на спортистите. Ако пливачките трки во отворени води, едрење и во веслање, сепак се одржат на оваа локација (засега нема друга понудена од организаторите на Игрите), учесниците ризикуваат да си навлечат сериозни болести.olimpijadario2016

„Водата во заливот е матна како кока-кола, но на власта не и е гајле“, изјави во интервју легендата на бразилскиот фудбал Ромарио, кој е член на бразилскиот сенат.

„Политичарите се заинтересирани само од она што се гледа – нови сали, стадиони, игралишта“, додава Ромарио.

Рибата во заливот Гуанабара е веќе на чекор до исчезнување и не е за јадење. Водата е полна со нечистотија и измет, врие од опасни бактерии. Површината е покриена со секаков отпад – пластични пакувања, стиропор, шишиња, мртви животни, па дури и мебел. Во воздухот силно се чувствува и смрдеа на измет и нафта.

Германскиот едрач Ерик Хајл, кој беше трет на Олимписките тест трки кои се одржаа на оваа локација, излезе во германските медиуми со сериозно предупредување до сите што треба да ја следат ситуацијата со езерото и заливот. Тој минатиот месец одржа неколку пробни трки, од кои подоцна произлезе дека „закачил“ неколку инфекции. И самиот потврди дека инфекциите се предизвикани од загадените води во текот на едриличарска регата.Thousands Of Dead Fish Found Near Rio Olympic Sailing Venue

Неговиот случај се најде како тема и на последната седница на германскиот олимписки комитет, кој побара информација од организаторите на ЛОИ во Рио 2016, но и од Меѓународната едриличарска федерација. Лекарските извештаи беа испратени и пред лекарскиот конзилиум на медицинскиот оддел во Интернационалниот олимписки комитет. Лекарите од болницата во Берлин каде се лекува Хајл, потврдиле дека тој е заразен од супер-отпорни бактерии.

„Никогаш во мојот живот не сум имал вакво нешто. Ова е катастрофа. Инфицирани ми се и двете нозе. Претпоставувам дека се се случи на тестот на регатата. Причината треба да се бара во Марина да Глорија, каде што има постојан проток на отпадни води од болниците во градот“, изјави Хајл за германските весници.

Водите долж атлантскиот брег во Рио, вклучувајќи го и заливот Гуанабара каде ќе се одржат и натпреварите во едрење на Олимписките игри, се загадени со години и сите влади досега имаат потрошено стотици милиони долари кои донеле незначителен ефект во подобрувањето на животната средина.

Минатата година и биолозите потврдија дека водата во заливот содржи супер-бактерии отпорни на антибиотици кои се користат за лекување на уринарни, гастроинтестинални и белодробни инфекции.

Засега нема јасни сигнали дека ситуацијата ќе биде подобрена, па останува ИОК да притиска кај властите и организаторите нешто да се промени, затоа што водите во заливот не се единствениот еколошки проблем на Рио. Сега се отвора и ново кризно место. Тоа е коњичката база и хиподромот на кој треба да се одржат натпреварите во коњички спортови, а каде на неколку последни контроли е откриено присуство на сериозна болест кај животните предизвикана од бактерија која сериозно може да го загрози и здравјето на луѓето. Олимпијадата во Рио е предизвик за спортистите но, веројатно, и сериозна закана по нивното здравје!

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top