Насловна / Арт и дизајн / „Лета лета Локубија“ во организација на визуелната уметница Елена Чемерска

„Лета лета Локубија“ во организација на визуелната уметница Елена Чемерска

“Лета лета Локубија” претставува продолжување на долгогодишните активности во рамките на интердисциплинарниот документарен уметнички проект во организација на визуелната уметница Елена Чемерска кој има за цел физичка и значенска ревитализација на Споменикот на слободата во Кочани и неговата утописка програма.

0_resize

Во рамки на овој проект, предвидена е дводневна работилница во период од еден месец за изработка на летала од рециклирани материјали од градската депонија во Кочани врз основа на цртежи на децата учесници во работилницата, инспирирани од мозаичните фризови на Споменикот на слободата.

Поттикната од приказните на членови на различни генерации од локалната заедница врзани со неформалната традиција на летање на змејови на Споменикот на слободата, а имајќи ја во предвид неговата географска позиција во однос на градот, оваа работилница е наменета за сите деца кои живеат во подрачјето на ридот Локубија, Кочани и пошироко на возраст од 6-12 години љубопитни за летањето, летачките објекти и нивното создавање. Особено се охрабрува учеството на децата Роми кои живеат во подрачјето на ридот Локубија и пошироко.

2_resize

Работилницата ќе се одржи во две фази, и тоа:

Двочасовна детска ликовна работилница во организација на визуелните уметници Доротеј Нешовски и Елена Чемерска на Споменикот на слободата која ќе се оддржи на 30.06.2022.

За време на работилницата, децата ќе имаат можност подобро да се запознаат со приказната на Споменикот на слободата, а потоа, на основа на стекнатите впечатоци, да изработат цртежи и колажи во различни техники кои би можеле да бидат инспирирани од искуството со споменикот. Материјалите потребни во текот на двете фази на работилницата ќе бидат однапред обезбедени.

Во периодот помеѓу првата и втората фаза на работилницата, во организација на “Лета лета Локубија”, ќе биде направена адаптација на детските цртежи изработени во рамките на ликовната работилница во прототипи за изработка на летала- змејови. Вака адаптираните цртежи ќе бидат испечатени на рециклиран материјал соодветен за летање, добиен во соработка со Градското комуналното претпријатие на Кочани од локалниот отпад. Добиените платна ја претставуваат основата за вториот дел од нашата работилница.

3_resize

Вториот дел од работилницата подразбира соработка со професионален произведувач на летала со чија помош децата учесници во работилницата ќе имаат шанса своерачно да ги комплетираат леталата произлезени од нивните цртежи, а потоа и да ги полетаат.

Во рамките на овој дел од работилницата, децата учесници ќе можат да научат се што е потребно за техниката на моделирање и изведба на змејови. Дополнително, тие ќе бидат запознаени и со основните концепти на рециклирачката пракса користена во добивањето на материјалот од кој се изработени змејовите создани во рамките на оваа работилница.

На крајот на работилницата, секое дете ќе го земе со себе своето летало, кое нетрпеливо ќе чека до својот следен лет над Локубија.

Активноста е реализирана во соработка со КСП Центар-Јадро, во рамки на проектот „Места на дарежливост – трансформативни станици“ финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија

1_resize

* * * * *

Споменикот на слободата во Кочани е подигнат на ридот Локубија над самиот град во 1981-ва година во чест на 40-тата годишнина на НОБ, светската победа над фашизмот и формирањето на македонската држава. Тој е дело на уметникот Глигор Чемерски и архитектот Радован Раѓеновиќ и претставува монументален комплекс во кој е инкорпорирана сцена и амфитеатар. Замислен е како отворен простор кој ќе биде населен и користен од заедницата и ќе ја приближи уметноста до секој поединец во неа. Во својата ликовно- архитектонска програма, тој ја разбира слободата како состојба на постојана револуција, вклучувајќи ја тука и уметноста. Една од поентите на ова ова уметничко дело е низ комуникацијата со заедницата која што го населува да инспирира револуција и во секојдневниот живот.

Во 1982 година е прогласен за културно наследство од прв ред.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top