Насловна / Вести / Лесните резервоари за водород би можеле четирикратно да го зголемат дометот на патничките авиони

Лесните резервоари за водород би можеле четирикратно да го зголемат дометот на патничките авиони

Калифорниската компанија HyPoint развива иновативен дизајн на криоген резервоар кој значајно би можел да го зголеми дометот на авионите на водород. Станува збор за екстремно лесен резервоар во споредба со традиционалниот, кој би можел да им помогне на авиокомпаниите нивната флота да поминува 4 пати поголема оддалеченост во споредба со конвенционалните патнички авиони.

hypoint1

На пример, авионот De Havilland Canada Dash-8, може да прими 50 до 56 патници, а неговиот домет изнесува околу 1.558 километри кога користи традиционално гориво. Доколку истиот авион премине на горивни ќелии и нов резервоар, дометот би бил 4.488 километри.

HyPoint неодамна потпишала договор со компаниајта GTL, која развива ултралесни криогени резервоари направени од композити со графитни влакна и други компомненти.  Овие резервоари овозможуваат и до 75% намалување на масата, што носи огромни можности. Сепак, потребно е уште многу работа за да се намалат трошоците за околу 50%, што ќе обезбеди пошироко прифаќање на водородот. Но, секако сето ова се вклопува во напорите на авионската индустрија да го намали својот јаглероден отпечаток. И гигантот Airbus се вклучува во оваа акција, откако најави дека до 2026 година својот модел Airbus A380 ќе го опреми со водороден погон.

hypoint2

Испрати коментар

Scroll To Top