Насловна / Архитектура / Лесли Локо – првиот црн куратор на Архитектонското биенале во Венеција

Лесли Локо – првиот црн куратор на Архитектонското биенале во Венеција

Шкотско-ганаската архитектка, академик и новелист Лесли Локо назначена е да го курира Архитектонското биенале во Венеција 2023, со што стана првиот црн архитект што ќе го предводи настанот, пишува Dezeen. Лесли Локо е родена во Данди, ќерка е на хирург од Гана и мајка од Шкотска, пораснала во Гана и Шкотска.

3

Локо, која е основач на African Futures Institute во Гана и главен уредник на списанието FOLIO: Journal of Contemporary African Architecture, ќе го надгледува 18-тото издание на престижната архитектонска изложба.

Нејзиното назначување е првпат одборот на Венецијанското биенале – во моментов предводен од претседателот Роберто Чикуто – да избере куратор со африканско потекло.

„Обракајќи ви се од најмладиот континент на светот, би сакала да му се заблагодарам на претседателот Чикуто и на целиот тим на Биеналето за овој одважен, храбар избор“, изјави Локо.

Lesley Lokko, African Futures Institute Accra

Основач на African Futures Institute во Акра

Културниот и расниот идентитет е важна тема во голем дел од работата на Локо и во архитектурата и во пишувањето.

Локо го основаше African Futures Institute во Акра во 2020 година, позиционирајќи ја Африка како „лабораторија на иднината“.

Screenshot 2021-12-15 122457

Докторирала архитектура на Универзитетот во Лондон и е автор на Белите книги, Црните знаци, како и 13 романи, вклучувајќи го и бестселерот Sundowners.

Локо е исто така дава значаен придонес во архитектонското образование, откако го основала Факултетот за архитектура на Универзитетот во Јоханесбург.

2

Била декан на Spitzer School of Architecture на City College во Њујорк од 2019 до 2020 година, пред да поднесе оставка, која ја опишала како, „длабок чин на самоодржување“.

Исто така предавала на разни други универзитети низ светот, вклучувајќи ги Bartlett School of Architecture во Лондон, the University of Illinois во Чикаго, the University of Кејптаун и UTS во Сиднеј.

1

Африка како „лабораторија за експериментирање“

„Именувањето на Лесли Локо за куратор на 18-та меѓународна изложба на архитектура е начин да се поздрави нејзиното гледање на нештата, како меѓународна личност која е способна да ја интерпретира, преку различни улоги, својата позиција во современата дебата за архитектурата и градовите“, изјави Чикуто, и додаде дека овој потег „го зема како почетна точка нејзиното искуство, нурнато во континент кој се повеќе станува лабораторија на експериментирање и предлози за целиот современ свет“.

Локо во последниве години е добитник на низа награди, вклучувајќи ги RIBA Annie Spink Award, 2020 и Ada Louise Huxtable Prize, 2021.

Се очекува дека нејзината изложба ќе се надоврзе на некои од идеите истражени во изданието од 2021 година, курирано од либанскиот архитект и декан на МИТ Хашим Саркис.

Screenshot 2021-12-15 122351

„Се појавува нов светски поредок“

„Се појавува нов светски поредок, со нови центри на производство, знаење и контрола“, вели Локо и додава: „Се појавува и нова публика, гладна за различни наративи, различни алатки и различни јазици на просторот, формите и местата“.

„По две најтешки и најразновидни години во живо сеќавање, архитектите имаат единствена можност да му покажат на светот што правиме најдобро: да изнесат амбициозни и креативни идеи кои ни помагаат да замислиме заедничка поправедна и пооптимистичка иднина“.

Испрати коментар

Scroll To Top