Насловна / Вести / Дебата: „Нов Генерален урбанистички план за зеленo и хуманo Скопје“

Дебата: „Нов Генерален урбанистички план за зеленo и хуманo Скопје“

Зелен хуман град организира oнлајн дебата со наслов „Нов Генерален урбанистички план за зеленo и хуманo Скопје“, со цел детектирање на проблемите во секојдневното живеење што произлегуваат од планските решенија на постојниот ГУП од 2012 година, како и утврдување на конкретни насоки за изработка на претстојниот ГУП. Дебатата ќе се одржи денес 16.12.2021 од 17:30 до 20:00 часот.

Дебатата ќе ја отвори градоначалничката на Градот Скопје, г-ѓа Данела Арсовска. Свој придонес ќе дадат архитекти и планери, претставници на институции и активисти. Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе говори за корупцијата во урбанистичкото планирање. За предизвиците во дефинирањето на визијата на урбаниот развој и одржливата мобилност во Софија ќе говорат гости од Бугарија.

зх

Зелен хуман град постојано укажува на важноста на урбанистичкото планирање за унапредување на квалитетот на живеење на жителите на Скопје, за заштитата на животната средина и климата. Изработката на ГУП-от, исто така, мора да се заснова на ажурни и детални податоци за сите сфери: домувањето, сообраќајот, здравството, образованието, социјалните услуги, урбаното зеленило, управувањето со отпад, квалитетот на воздух, комуналната инфраструктура итн. Планските решенија мора да се носат врз основа на опсежни и стручни анализи и преку широк партиципативен процес. Очекуваме со оваа дебата да се поттикне отворање на процесот на изработка на новиот ГУП и поактивно вклучување на целата засегната јавност во натамошниот процес. Од дебатата ќе произлезат конкретни барања до Градот Скопје во однос на опфатот, процесот и очекуваните резултати од изработката на новиот ГУП.

Испрати коментар

Scroll To Top