Насловна / Вести / Лансиран сателитот Earthcare кој ќе ги анализира облаците и климата

Лансиран сателитот Earthcare кој ќе ги анализира облаците и климата

Европско – јапонскиот сателит Earthcare успешно е лансиран, и ќе следи како облаците влијаат врз климата. Мисијата Earthcare ќе користи ласер и радар за анализирање на атмосферата со цел утврдување на корелациите помеѓу климата и емисиите на стакленички гасови. Сателитот со маса 2,3 тони е лансиран од Калифорнија со помош на ракета на компанијата Space X. Проектот го предводи Европската вселенска агенција (ESA), која го опишала како најсложен потфат на анализирањето на Земјата досега.

Техничките предизвици кои се однесуваат на работата на инструментите биел огромни. Минале полни 20 години од одобрувањето на мисијата до лансирањето на сателитот. Сателитот ќе кружи околу Земјата на височина од околу 400km. Опремен е со четири инструменти кои ќе собираат информации потребни на климатските научници. Меѓу нив е камера, која ќе ја  фотографира сцената под сателитот, со цел да се даде контекст на мерењата кои ги вршат другите три инструменти. Европскиот ултравиолетов ласер ќе ги открива високите облаци и врвовите на ниските облаци, како и аеросолите во атмосферата кои влијаат на формирањето и однесувањето на облаците. Јапонскиот радар ќе ги анализира облаците со цел да се утврди колку вода содржат и како таа паѓа во облик на дожд, град и снег. Радиометарот ќе детектира колку енергија која доспева на Земјата од Сонцето се рефлектира.

Earthcare ќе се користи за унапредување на временската прогноза. Оригиналниот научен концепт за Earthcare го изнел професорот Anthony Illingworth од Универзитетот Рединг уште во 1993 година, Трошоците за мисијата изнесуваат 850 милиони евра.

Испрати коментар

Scroll To Top