Апартманот Garden Room во берлинскиот хотел Michelberger има спална соба, бања и сауна во еден простор.
Garden Room е една од уникатните дизајнирани соби во хотелот Michelberger, којшто неодамна бил реновиран и сите соби се поделени во шест категории: Cosy, Loft, Luxus, Hideout, Band i The Big One.
Оваа соба „градина“, дизајнирана од страна на данскиот архитект Сигурд Ларсен, спаѓа во категоријата Hideout.
– Првичната идеја била да се создаде простор кој треба да се испита и потоа да се приспособи на личниот начин на користење – изјавил дизајнерот Сигурд Ларсен.
Архитектот ја трансформирал собата, така што во неа направил и надворешен и внатрешен простор. Куќичката со соба, кујна и сауна е креирана од иверка, додека останатиот простор е истретиран како градина во кој се додадени содржини, пишува Dezeen.
Куќичката изградена во внатрешноста на апартманот е сведена и е со завршен премин во бела боја, преку која светлината пријатно се прекршува.
На приземјето на куќичката се организирани соба, кујна, бања и сауна, додека на катот има уште една соба.
Во „градината“ се наоѓаат дневна соба, трпезариска маса, како и дел од бањата.