Насловна / Архитектура / Куќата на прославениот кошаркар Марко Јариќ во Белград: Куќа на годината 2022

Куќата на прославениот кошаркар Марко Јариќ во Белград: Куќа на годината 2022

Куќата во Белград, во срцето на Дорќол на прославениот српски кошаркар Марко Јариќ, доби најмногу гласови и е прогласена за Куќа на годината 2022 во Србија.

9

Станува збор за реконструкција на стара вила која имала тројца сопственици, а НБА кошаркарот инсистирал да ја купи, се спомнува цена од три милиони евра, и одлучил приближно да го задржи истиот изглед на старата куќа од предвоениот период.

10

Велелепната вила на Марко Јариќ од 700 квадратни метри има пет спални соби, три бањи, теретана, базен, сауна, лифт, сопствен паркинг, а автори се белградското проектантско биро Supra Architecture.

„Впечатокот е дека целокупното промислување на просторот е темелно. Се гледа вниманието вложено во секој сегмент. Куќата на Дорќол остава впечаток дека е лична, а не нешто генеричко, и однадвор и од внатре. Во некои моменти погледот талка од зона во зона, немирно е, но и пријатно за престојување“, објасни жирито.

13

14

Денес, вакви резиденцијални објекти изискуваат ист третман на содржините во смисол на креација на просторните решенија за потребите на денешните сопственици, сметале проектантите.

Така, било неопходно да се формира простор кој тече, простор кој е разновиден, простор кој отвора можности и обезбедува флексибилност на намената.

12

„Тоа е простор за корисници кои се светски патници. Простор за луѓе кои сакаат гости и имаат голем круг на пријатели. Простор за луѓе со слободно време кои сакаат да го искористат на креативен и исполнет начин. Простор за луѓе со многу таленти и интереси. Простор за приватносст и репрезентација. Простор на спектакл и интимност…на Господин и Господар“ – објаснуваат од бирото.

5

Идејата околу која се формирал концептот на ентериерот на оваа градска вила бил токму овој дуалитет на просторот. Идејата дека просторот мора да понуди одговор на потребите за репрезентација, социјалните односи, општествени настани, простор на релации, театар, каде што сопственикот на вилата ќе се чувствува како Господин кој се претставува во своето најдобро светло.

6

Од друга страна, куќата морала да понуди простор на интимност, приватност, контемплација и хедонизам, каде што сопственикот ќе се чувствува како Господар на својот простор и време.

Во контекст на горенаведеното, тематските простори на вилата формирани се како рефлексија на егзотични места, далечни култури, прекрасни пејзажи, со сложени детали кои одговараат на барањата на клиентот: просторите кријат повеќе функции и начини на користење, користени се необични предмети, визурите неочекувано се отвараат и ги изненадуваат посетителите.

7

Хармоничен спој на навидум неспоиви елементи

Деталите на ентериерот на вилата се полни со контрасти, си поигруваат со светлината и сенката, со ефектот се гледа/не се гледа, кој се создава со поглед низ челичен преплет. Едвај забележливиот одраз во чадeно сиво стакло го продлабочува просторот и создава ефект на одраз во огледало.

8

Кујнски остров со зачински билки, атриум со јапонска градина, сирово дрвено стебло, оган од каминот, базен кој го носи сопственикот на некој оддалечен остров…сите овие навидум некомпатибилни елементи се хармонично интегрирани во целина која нуди нови сензации повторно и повторно.

Приземјето на вилата, замислено како простор за спектакл, е организирано долж централна оска, по која се менуваат функциите и настаните.

3

Тука се монументален кујнски остров, трпезарија, камин кој виси од таванот, дневна соба, тераса, скали/аудиториум, плато со отворен двор и затворен дворен павилјон.

Секоја од овие функции има свое јасно место во просторот, нагласено со материјализација: дрвени и терацо подови, тули и натур бетон на ѕидовите и таванот, рефлектирачко стакло, челични детали.

4

Изместување на корисникот во нов контекст

Централната оска исто така е нагласена и со играта на волумените, големата висина на просторот и денивелации, просторот постепено каскадира кон дворното плато како најниска точка на настанот, нагласувајќи ја централноста и длабочината на просторот.

Долното ниво на вилата е замислено како интимен простор каде сопственикот може да се чувствува како Господар на своето слободно време.

00

И овде со промените во висината се менува ефектот што просторот го има врз корисникот, со материјализацијата се добива на топлина, додека звукот на водата од јапонската градина го изместува корисникот во нов контекст, објаснуваат архитектите.

Посебна зона е базенот, скриен во најоддалечениот дел од куќата: „Повторно, со промена на материјализацијата и употреба на фасадната браварија, се создава илузија дека корисникот го напушта внатрешниот простор и ‘стапува’ на плажа со поглед на тиркизно-сината боја на водата“ – велат од бирото.

08

Во овој простор е донесено дрво, најдено во шума оборено и напуштено и минимално обработено, со идеја природно да се суши, да пука по своја волја, да ги донесе мирисите на шумата и тука да старее.

Неговата употребна вредност, како попатна маса на која ќе се одигра партија шах, е помалку важна од неговото присуство во просторот како жив елемент, чијашта сензација се доживува со текот на времето.

1

Скали што се менуваат и изненадуваат

Комуникациите се интегрирани во мултифункционална содржина со скалите како централен мотив кој се менува и изненадува, во хармонија со останатиот дел од вилата.

01

За да се избегне заморно и монотоно движење низ многубројните скали, формата и материјализацијата на скалите наместо да стане досадна и заморна, станува составен дел од ентериерот.

Движењето низ вилата е можно и со лифт, што повторно претставува настан сам по себе: застаклената кабина поминува низ кубус од челичен преплет – мотивот на ентериерот на вилата.

02

Двојната улога на челичниот преплет

Челичниот преплет – мотивот на вилата, може да се види на повеќе нивоа: како детал, растер и патерн, во зависност од оддалеченоста на точката на гледање. Интересен како детал сам по себе, оддалечувајќи се, набљудувачот почнува да го доживува како мрежа, потоа како растер и на крајот како патерн.

03

Има декоративна улога, како елемент кој си поигрува со ефектот се гледа/не се гледа и преку него пружа различни степени на видливост, но и преплетот има своја функција – практична улога на ограда/физичка бариера.

Челичниот преплет, пак, се појавува и во надворешното уредување, каде што станува елемент на оградата кон соседите како и потпора за зеленилото на дворната фасада.

11

И на крај, преплетот како декоративен елемент се појавува и на влезната порта и вратата од гаражата, на начин што претставува чиста, едноставна форма на фасадата на куќата, само со дискретна пластика околу фасадните отвори, обогатена со детали во челичниот преплет кои на елементите им даваат длабочина и си играат со светлината и сенката.

2 09 020

Испрати коментар

Scroll To Top