Насловна / Архитектура / Куќата „Haus e“ во Италија

Куќата „Haus e“ во Италија

„Haus e“ извира кон езерото како телескоп со поглед на долината во населбата Канобио во италијанскиот регион Пијемонт.

2 (1)

Основата е вградена во теренот, се интегрира и ја одредува насоката на конзолата која е ослонета на столб во форма на буквата V со долга настрешница кон езерото и долината. Бесконечниот базен поставен е кон езерото спојувајќи ја водата на езерото и водата на базенот, поврзувајќи ги границите помеѓу изградената и природната средина.

6 (1)

Проектот зборува за силна врска помеѓу надвор и внатре, за апсорпција на односите на природата и погледите. Со цел да се создаде рамнотежа со местото, преку применување на бетонски материјал се создаваат нови односи со околниот карпест предел. Различните површини на обработка на беонот, наизменично се менуваат во некаков вид материјална игра. Грубо обработениот бетоно потсетува на карпата, додека мазниот бетон создава силен контраст. Куќата изгледа како монолит издлабен во карпа.

1 (1) 4 (2)

Широките прозорци го рефлектираат околниот пејзаж и покрај својата остра надворешност куќа е во дијалог со локалната карпа. Бетонот воспоставува врска со околниот карпест пејсаж. Наспроти тоа, леснотијата на оградата со заоблени, коси линии ја прекинува хоризонталноста на зградата и создава нова интеракција на форми.

5 (1)

Во сутеренот се сместени простории за спиење, бања и тераса со пристап до базенот. Во предниот дел на сутеренот се техничка просторија, визба и гаража. Додека на горниот кат се дневната соба, кујната, бањата и третата спална соба.

3 (1) 7 (1)0 8 9

Испрати коментар

Scroll To Top