Насловна / Архитектура / Куќата Горки во близина на Москва со преклопена структура

Куќата Горки во близина на Москва со преклопена структура

Оваа куќа е наменета за млад пар со дете. Нивната единствена желба била да имаат современо парче архитектура. Куќата Горки се наоѓа недалеку од Москва, позиционирана на врв на еден рид опкружен со борови дрвја.

1

Локацијата во три насоки е со прекрасни погледи, само погледот кон север е полош, па архитектите од руското биро Атриум Студио, одлучиле да го затворат. Тоа ја предизвикало идејата за преклопена рамнина, која е малку подигната над земја и го формира просторот на куќата. Создава разновидни внатрешни и надворешни простори кои служат за вообичаени функции на живеење.

5

Истовремео, објектот е отворен за сончева светлина, со прозорци ориентирани кон природно светло. Структурата на преклопување на куќата може да се почувствува и внатре, поради планот на отворен простор, каде јавните зони се влеваат во приватни области и обратно.

3

2

Нема разлика во обложување на надворешноста и внатрешноста. Ако видите дрвена облога надвор, можете да бидете сигурни дека ова место внатре е направено во истиот материјал. Некои од прозорците, на пример во бањата, се направени како исечоци во преклопена рамнина, бидејќи помага да се види формата, така што постојат лепени стаклени агли. Архитектите особено работеле на прашањето на дебелината на овие рамнини, за да објектот истовремено го направат елегантен и функционален, бидејќи конзолата на покривот над терасите е долга околу пет метри.

7

8

Преклопената тема е изразот на градбата, па така и сите пропратни објекти изгледаат како главната куќа. Тоа се гаражата и руската сауна. Сауната делумно е сокриена во пејзажот, па кровот делува како платформа за набљудување, а во зима може да се користи и како лизгалиште.

9

10

6

11

12

13

14 15 16 17

Испрати коментар

Scroll To Top