Насловна / Архитектура / „Jeuneville“ на Nouvel, живописно ново соседство за нова генерација парижани

„Jeuneville“ на Nouvel, живописно ново соседство за нова генерација парижани

Проектиран од архитектот суперстар  Jean Nouvel, комплексот „Jeuneville“ е единствен и авангарден проект кој радикално и одржливо повторно го открива начинот на живот и работа во поширокиот дел на Париз. Комбинирајќи ја разновидноста на намената и модуларноста на просторите, „Jeuneville“ е одржлив, живописен комплекс со фокус на различноста и благосостојбата, дизајниран специјално за новата генерација и новата економија во француската престолнина. Ќе се простира на бреговите на Сена, покрај олимпиското село. Главниот град на Франција е домаќин на Олимписките игри 2024 година.

j4

j1

„Jeuneville“  ќе се простира на повеќе од 100.000 квадратни метри деловни простори за стартап и компании за иновации, како и 30.000 квадратни метри јавни зелени површини, кои ќе сочинуваат нов вид екосистем во кој ќе работат 6.000 луѓе, а проектиран е и станбен простор за 1.500 жители.

j3

Предвидени се и простори за малопродажба, објекти за сместување на студенти, кампус, простори за собирање, coworking простории, театар, библиотека, спортски и други објекти. Акцентот ќе биде ставен на модуларноста и флексибилноста за да може комплексот да се прилагоди на променливите барања.

j2

Планираниот комплекс дава вертикална димензија на развојот на градот и одговара на проблемите на ширење на урбаните подрачја. Проектот претставува слој на урбанизам кој потикнува разновидна комбинација на намените. Диктиран од едноставни и радикални принципи, секој урбан слој може да угости програми кои се развиваат според потребите. Структурата е подобна лесно да ги апсорбира мутациите на градот и неговата употреба, овозможувајќи апсолутна издржливост.

j8

„Jeuneville“  ќе биде изграден од дрво, но не е прецизирано кој вид. Исто така објавено е дека ќе се користат еколошки материјали за изолација. Вградените соларни панели ќе го намалат користењето на електричната енергија од мрежата, додека акцентот ќе биде ставен на природната вентилација. Комплексот ќе биде така ориентиран да се максиминизира природната светлина.

j10

Во план е изградбата да започне во 2022 година, а завршувањето е предвидено за 2025 година. Проектот е доставен на одобрување и деталите за буџетот сè уште не се достапни за јавноста.

j6

j9

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top