Насловна / Архитектура / Куќа во Токио од јапонското студио Another Apartment

Куќа во Токио од јапонското студио Another Apartment

Kukja vo Tokio  (1)
Архитектонскиот израз, формата, како и позиционираноста на оваа современа јапонска куќа, потекнуваат од условите што ги диктира парцелата на која се простира. Имајќи предвид дека три страни од локацијата граничат со веќе изградени структури, јапонското архитектонско студио Another Apartment резултирало со креација на тесен објект, сместен на 58 м² градежна парцела, карактеристичен по полното фасадно обликување, со цел да се овозможи приватноста  во внатрешноста.Kukja vo Tokio  (2)

За да се обезбеди соодветно природно освелтување и вентилирање на ентериерот, јужната фасада е искористена како подлога за поставување на максимален број лентовидни прозорски отвори, додека пак кровната покривка во одредени сегменти е перфорирана со зенитално поставени отвори.

Kukja vo Tokio  (3) Kukja vo Tokio  (4) Kukja vo Tokio  (5)

Основната конекција помеѓу катовите е изведена преку поставување на спирално скалиште кое покрај својата намена на вертикална комуникација има можност за функција на домашен театар, интегрирајќи динамика низ минималистички обликуваниот бел ентериер.

Kukja vo Tokio  (8) Kukja vo Tokio  (7) Kukja vo Tokio  (6) Kukja vo Tokio  (9)

Испрати коментар

Scroll To Top