Насловна / Архитектура / „Невидливо Скопје“ видливо во Музеј на Град Скопје

„Невидливо Скопје“ видливо во Музеј на Град Скопје

nevidlivo skopje
Вчера вечерта во преполнетиот Музеј на Град Скопје беше промовиран архитектонскиот водич низ „Невидливо Скопје“ , студија на местата на нашето секојдневно урбано живеење, направена од страна на група архитекти и студенти по архитектура од Скопје. Посетителите имаа можност да се запознаат со истоимената изложба, која се состоеше од 18 макети на јавните простори „скриени“ во градот, кои се користат најчесто од младите како збирни места за дружби и градење на алтернативниот дух на Скопје, пропратени со фотографија на секое од нив.
nevidlivo-skopje (0)
Изложбата беше отворена од професорот Влатко Коробар од Архитектонскиот факултет во Скопје и ќе трае до 17 декември. За тоа каква беше атмосферата на вчерашниот настан погледнете ја нашата галерија…

Испрати коментар

Scroll To Top