Насловна / Архитектура / Уметничката галерија Pérez како нова виста за градот Мајами

Уметничката галерија Pérez како нова виста за градот Мајами

Уметничката галерија Pérez (6)
Дизајнирана од архитектонското студио Herzog & de Meuron, новата уметничка галерија Pérez (PAAM) претставува рефлексија на природниот и урбан пејзаж на градот Мајами, како одговор на рапидниот развој на градот како културна дестинација. Новиот објект со фронталната фасада ориентирана кон заливот се граничи со насипот MacArthur, дефинирајќи виста, фокусна точка како дел од градскиот пејзаж. Со површина од околу 3000м² музејскиот објект вклучува галериски простори, како и едукативни, трговски содржини, кафетерија  и зелени градини.

Уметничката галерија Pérez (8) Уметничката галерија Pérez (9) Уметничката галерија Pérez (10) Уметничката галерија Pérez (11) Уметничката галерија Pérez (7) Уметничката галерија Pérez (5)

Уметноста како интерпретација се провлекува низ целокупната структура, вклуќувајќи ги градините и паркинг просторот. Стаклената обвивка на првиот и третиот кат ги открива јавните и полујавните функции, т.е. влезен хол, аудиториум, трговски содржини и кафетерија на првиот кат, а едукативните содржини и администрацијата на третиот. Располагајќи со широк спектар на различно позиционирани простори и варијации на ентериерната обработка, спротивно на традиционалните секвенци од генерирани бели, еднолични волумени, новата уметничка галерија презентира нов модел на воспримање и доживување на уметноста.

Уметничката галерија Pérez (13) Уметничката галерија Pérez (4) Уметничката галерија Pérez (3) Уметничката галерија Pérez (2) Уметничката галерија Pérez (1) Уметничката галерија Pérez (12)

Испрати коментар

Scroll To Top