Насловна / Архитектура / Куќа во Јужна Африка која остава без здив

Куќа во Јужна Африка која остава без здив

кука во јузна африка_09

Релаксирачка оаза опкружена со природна вегетација и шуми од богатиот африкански југ. Опкружена од шумовитиот пејзаж, куќата Gubbins тешко ќе може да се забележи од некои видливи точки. Но, кога ќе се влезе подлабоко во овој волшебен пејзаж, на падините на овој природен парк и еден од најубавите предели на Јужна Африка, планината Table, се открива оваа модерна резиденција. Архитектурата на оваа градба ја потпишуваат студиото Antonio Zaninovic со седиште во Кејп Таун, а во соработка со Rees Roberts & Partners.

кука во јузна африка_08

Куќата е изградена во подножјето на планината Table со прекрасен поглед на градот Кејп Таун и пристаништето подолу. Идејата на архитектите била потполно вклопување на резиденцијата во медитативната околина, и на тој начин создале релаксирачка оаза опкружена со автохтони дрвја, кои со својата текстура потсетуваат на природни скулптури.

кука во јузна африка_10

Отворениот дневен престој е „сместен“ во природните насади на градината и е скриен од планинските ветрови, а до него се наоѓа природен басен кој овозможува единствено искуство на пливање во кристално бистрата вода. Куќата е изградена од локални материјали, кои во целост ја вклопуваат со околината во која се наоѓа, додека ентериерот ги следи големите отворени простори.

Пространата градина со внимателно избраната вегетација и автохтоните растителни видови овозможува релаксирачко искуство во долгите летни денови.кука во јузна африка_06 кука во јузна африка_04 - Copy кука во јузна африка_05 кука во јузна африка_03 кука во јузна африка_07 кука во јузна африка_04 кука во јузна африка_02кука во јузна африка_01

Испрати коментар

Scroll To Top