Насловна / Архитектура / Куќа опшиена со дрвени елементи – оаза во центарот на Мелбурн

Куќа опшиена со дрвени елементи – оаза во центарот на Мелбурн

7

Проектната задача е да се создаде нов начин на животни простори, преместување на кујната и трпезаријата од стандардната шема и подобрување на внесот на природна светлина. Функционалните барања на клиентот за оваа куќа во центарот на Мелбурн, Австралија, се едноставни. Единствено барање е да се најде место за трите таписерии. Поаѓајќи токму од таа точка, студиото Grenville Architectural Construction го искористува пристапот кон истражување на техниката на изработка на таписерии, па метафорично го употребуваат и во својот дизајн.

2 3

Дрвените елементи во форма на испреплетени конци се „зашиени“ околу дневната соба на постоечката куќа, а потоа надвор кон постоечкиот двор. Гредите се спојуваат во северната точка во голем дрвен елемент. Во дворот, огледалото е позиционирано стратешки на крајот за да се прошири просторот и да се создаде чувство на разрешница.

4 5 6

9 10

Дрвените „конци“ вртат околу западната фасада, да додадат сенка во дворното место. На крајот на отворените греди, една се протега преку ширината како би ја зајакнала конструкцијата додека истовремено го симболизира и завршниот котелец при изработка на таписеријата. Оваа форма се повторува во пејзажот, како и во дограмата во ентериерот.

8
Проектот опфаќа развивање на интегриран однос на архитектурата со пејзажот. Нема јасна дефиниција каде завршува едниот а каде почнува другиот простор. Тие се претопуваат во еден голем простор. Посветеноста на дизајнот кон техниката на таписериите е силно изразена во дограмата на ентериерот па се до пејзажното уредување. Традиционалното и новото се во постојан дијалог преку вградените елементи.

11

Природните погодности како светлина и вентилација внатрешно се внимателно вметнати. Предвидени се простори како светларници и дворови за да донесат многу светлина и свеж воздух во текот на денот. Водната градина, исто така, дејствува како систем за природно разладување на дневниот престој. Сите материјали се локални, економски исплатливи а иновативно употребени. Резултатот е луксуз создаден од чувството на просторност и отвореност – оаза во центарот на градот.

1

 

Испрати коментар

Scroll To Top