Насловна / Арт и дизајн / Ексклузивна уметничка галерија во марина „Порто Монтенегро“

Ексклузивна уметничка галерија во марина „Порто Монтенегро“

изложба во порто монтенегро_3

Mead Carney – галерија на современа уметност основана од страна на Nigel Mead во Лондон во 2012 година, денес е една од водечките во светот кога станува збор за презентација на модерната и современата уметност. Галеријата е репрезент на најголемите актуелни имиња на светската уметничка сцена како Ричард Лонг, Демијан Хирст, Трејси Емин, Лусијан Фројд, Маурицио Кателан и многу други, а сега своја прва комерцијална галерија отворила во пристаништето „Порто Монтенегро“, или како што некои го нарекуваат „Монте Карло на јадранскиот брег“.

изложба во порто монтенегро_5
Минатиот месец беше отворена првата изложба насловена The Shock of the New, во која биле вклучени и дела на Демијан Хирст, Герхард Рихтер и Ричард Принс. Со овој потег, светската уметничка сцена сега е поблиску до балканскиот регион а со тоа е проширен и тој пазар на уметнички дела.изложба во порто монтенегро_6
Поранешното морнарско пристаниште, канадскиот бизнисмен Питер Манк во 2009 година го претвори во престижна марина и ресорт, а некои од инвеститорите во овој проект, исто така, се и основачите на групата LVMH на Бернар Арно и британските милијардери Џекоб и Нет Ротшилд.изложба во порто монтенегро_4 изложба во порто монтенегро_1

Испрати коментар

Scroll To Top