Насловна / Архитектура / Куќа во Италија низ која преминува енергијата на местото

Куќа во Италија низ која преминува енергијата на местото

На ридот Polverigi, среде италијанскиот златен земјоделски регион Марка, модерна приватна резиденција го преиспитува духот на традиционалните локални домови, повикувајќи се на радикалната италијанска архитектонска авангарда.

5

Објектот е проектиран од архитектонското биро Simone Subissati за италијанско семејство. Долгата, тесна фасада, пресечена со транспарентен дел, направила лесно да ја присвојуваат и жителите и природата. Тревата се граничи со куќата, создавајќи впечаток дека куќата припаѓа на околните полиња со пченица, јачмен и сончоглед.

3

Конструкција од челични рамки, дневна соба со вертикални прозорци и стаклени врати во боја на теракота. Големиот централен дел на долниот простор е отворен, гранична линија по која може да се премине брзо, визуелно или физички. Прозорците ја отвораат дневната соба и кујната кон светлината, ветерот и мирисите на ливадските полиња. Тие исто така ја елиминираат потребата за климатизација, бидејќи е овозможена природна вентилација на куќата, што ги задоволува пасивните биоклиматски градежни стандарди.

2

8

Внатрешноста на објектот се состои од бели дрвени скали, кои водат кон спалните соби и бањите. Мебелот е одделен од ѕидовите, поставен во средината на собата. Балконот продолжува во зимската градина и друга, поприватна, дневна соба. Овој голем отворен простор е заштитен со микроперфорирана и пренапрегната мембрана која овозможува поминување на светло во куќата. Дневната светлина се филтрира во текот на денот, а ноќе куќата станува фенер.

4

Куќата со пролази е замислена како еден вид музичка партитура, каде што ритамот сугерира интеракција на полното и празното. Горното ниво е затворено – ноќниот простор е заштитен – но тука се и прозорци како калеидоскоп.

Куќата поседува компактност, издолженост со линеарни секвенци на традиционалните селски куќи од Марка. „Прифатив геометриски ригорозен пристап кој користи едноставни делови составени за да формираат единство“, вели Subissati.

1

„Тоа е куќа без украси, како куќи со рурална традиција, места во кои може да се работи и да се живее“.

„Сакавме да создадеме куќа која на своите жители ќе им изгледа како да е наследна, куќа толку едноставна, што речиси ќе изгледа привремено. Технолошката природа на куќата, нејзината леснотија, скоро соголена до коска, се однесува на номадскиот, привремен начин на живот. Тоа е место погодно за номади, како да кампуваат во природа “, вели Subissati.

„Сакав луѓето кои живеат во куќата да доживеат силни чувства, чувство на вртоглавица, да бидат на работ на рамнотежата, да застанат помеѓу внатрешноста и надворешноста, а на нив да преоѓа енергијата која се провлекува низ целата околина“, заклучува архитектот.

6

9

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top