Насловна / Архитектура / Куќа по концептот „јин и јанг“ со градина на покривот

Куќа по концептот „јин и јанг“ со градина на покривот

Австриското архитектонско студио Penda пронашло иновативен концепт на зелен покрив, проектиран за да понуди ново ниво на одржливо живеење и домување. Во рамките на малата парцела во селско подрачје во близина на градот Касел во Германија, ќе биде лоцирана куќата со назив „Yin & Yang“. Куќата е проектирана за мало семејство кое сака да живее независно и самостојно, без приклучок на електричната мрежа. „На сопствениците кои имаат стакленици им обезбедуваме системи за извршување на градинарските работи и кутии за садници, за периодот од годината кога е можно надвор да се одгледуваат растенија.“ велат од компанијата Penda.

Инспириран од идејата за концептот „јин и јанг“, куќата ќе биде изградена со две одвоени конструкции кои се ориентирани така да гледаат една кон друга и споени во „хармонија“. Градината е интегрирана во самиот проект на куќата, со коса градина на покривот. „Yin & Yang“ ќе се простира на површина од 75m² и ќе биде изградена од дрвена конструкција со големи стаклени површини од подот до таванот.

YinYang3

Yin Yang 2

YinYang5

Прогнозите покажуваат дека градовите и урбаните подрачја во значителен процент се привлечни за младите луѓе, и дека до 2050 година над 70% од популацијата ќе живее во градовите, па токму затоа архитектите повикуваат на пронаоѓање решенија за заживување на селото. Колку ќе чини куќата „Yin & Yang“ сеуште не е објавено, а почетокот на изградбата се предвидува најдоцна за наредните неколку месеци.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top