Насловна / Архитектура / SOM избрани за проектанти на „зелениот“ мастер план за Источен Париз

SOM избрани за проектанти на „зелениот“ мастер план за Источен Париз

Компанијата SOM (Skidmore, Owings and Merrill), е победник на меѓународниот натпревар за проектирање на урбаниот дистрикт во Charenton-Bercy, на источниот брег на Париз (Bercy Charenton). Работејќи заедно со тим од урбанисти, но и со учество на граѓански организации, SOM предлага решение преку кое се спојуваат урбаниот пејсаж со енергетски ефикасна кула висока 180 метри, како и современа ротонда која ја презентира виртуелната реалност. Пределот кој порано бил познат како индустриска зона, испресечен со линии од брзата железница и друга инфраструктура, SOM го трансформира во едно вибрирачко место со мешовитa намена, кое нуди многу опции за различни категории граѓани.

bercy charenton

Charenton-Bercy_Development_Aerial_©SOM-Ateliers2-3-4-AREP

Chartenon

Chartenon 2

Силната агенда во делот на одржливоста вклучува собирање и повторно користење на дождовницата, како и паметна електрична мрежа. Една третина од локацијата е резервирана за зелени површини. Планирано е да се посади по едно дрво за секоја станбена единица, односно околу 1000 садници. Во срцето на просторот од 360.000 метри квадратни ќе се наоѓа кулата со височина од 180 метри која содржи резиденцијален, комерцијален и хотелски дел. Кулата ќе содржи 5.000 метри квадратни внатрешен зелен простор, и на тој начин ќе креира нов начин на живеење во француската престолнина.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top