Насловна / Архитектура / Куќа на Сењак во Белград, максимално ја користи тесната парцела

Куќа на Сењак во Белград, максимално ја користи тесната парцела

Во најтесното јадро на Белград на Сењак, изграден е станбен објект на парцела широка нешто помалку од 12 метри.

Оваа монументална куќа од 400 квадратни метри е архитектонско дело на Дејан Миљковиќ, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Белград, а изградена е во 2023 година.

1

Проектирана е да ја комбинира функцијата на семејно домување на повеќе нивоа, со оглед на малата површина на парцелата и потребата од нејзино максимално искористување во однос на урбанистичките параметри.

9

Објектот како што вели проектантот е дефиниран по својата намена, пропорции и волумен во речиси скулптурална форма во однос на околината, која се карактеризира со дотраени сењачки станбени куќи со безброј накнадни интервенции.

8

Положбата, просторните, обликовните и функционалните аспекти на објектот во голема мера се предодредени од постојните соседни објекти, кои се наоѓаат веднаш или на самата граница на предметната локација.

3

„Од оваа причина, објектот е функционално ориентиран со сите содржини кон внатрешниот отворен двор, кој минува низ објектот протегајќи се долж целата парцела“, вели архитектот.

13

Монументалноста на формата особено се истакнува преку обликувањето на објектот, кој првенствено се карактеризира со бетонска мембрана и кубус од тули позиционирани во рамките на бетонската мембрана.

15

„Тие два главни просторни архитектонски елементи, со својот меѓусебен однос дефинираат отворен, но интимен простор внатре во парцелата, кој е во директна врска со слободниот и транспарентен простор на приземјето каде се сместени сите дневни содржини, со што се формира единствена функционална целина“ – објаснува Миљковиќ.

16

Самата структура е со иста широчина како и парцелата, односно 11,94 метри, додека бетонскиот ѕид е дел од објектот, така што куќата се третира како двострано иаѕидан објект според урбанистички параметри.

Бетонскиот ѕид е лиен на лице место, додека на фасадата се користени тули „Kolumba K55“ на фирмата Petersen од Данска.

19 12 11 17 7 6 5

Испрати коментар

Scroll To Top