Насловна / Архитектура / Добитници на наградите на Комората за 2023 година

Добитници на наградите на Комората за 2023 година

На 22 декември 2023 година на пригодна свеченост по повод 16 годишнината од своето постоење се одбележа Денот на Комората и притоа се доделија по 10ти јубиларен пат четирите годишни награди во знак на благодарност и почит за творештвото на своите членови – архитекти и инженери.

Комората претставува институција со јавни овластувања која што го обединува сиот индивидуален инженерски капацитет во државата вклучен во една од најмоќните индустрии – градежништвото.

6

0

Свеченоста ја отвори Претседателката на Комората г-ѓа Кристинка Чулак. Во своето обраќање таа кажа: „И оваа година со гордост можеме да констатираме дека денес славиме постоење на една стабилна, унитарна, моќна и напредна Комора која од почетокот на оформувањето во континуитет го има инженерот во својот фокус. Секојдневните предизвици на нашето општествено опкружување огледално се пресликани во функционирањето на сложениот организациски систем на Комората составен од 12 професионални одделенија. И воопшто не е лесно, но задоволството е огромно, затоа што резултатите се евидентни.“ Претседателка Чулак го истакна рекордниот број на активни инженери во Комората – 3700, и изрази благодарност до сите присутни колеги и соработници, без кои Комората немаше да биде тоа што е.

1

На присутните им се обрати и Претседателот на Република Северна Македонија, г-динот Стево Пендаровски, почесен и високо ценет гостин на Комората, покровител на наградата Инженерски прстен. Претседателката Чулак додели Благодарница за континуирана подршка на Комората на Претседателот Стево Пендаровски.

7

Во продолжение Раководителите на професионалните одделенија: Веселинка Герасимова Петровска д.и.а, Михаел Димитровски д.и.а, Проф. д-р Мери Цветковска д.г.и, Владе Гроздановски д.е.и и Проф. д-р Даме Димитровски д.м.и. со соодветни најави ги соопштија имињата на овогодинешните добитници:

Одделенија на Архитекти и Урбанисти – Награда именувана Проф. Борис Чипан

• Добитник на наградата за 2023 година е Планерскиот тим на АПП под раководство на

м-р АНДРИЈАНА АНДРЕЕВА д.и.а.

2

Одделение на градежни инженери – Награда именувана Проф. д-р Александар Цане Ангелов

• Добитник на наградата за 2023 година е БЛАГОЈА ДИМИТРИЕСКИ д.г.и.

3

Одделение на инженери по електротехника – Награда именувана Проф. д-р Станимир Јовановски

• Добитник на наградата за 2023 година е КИРИЛ КУЈУНЏИЕВ д.е.и.

4

Одделение на машински инженери – Награда именувана Проф. д-р Илија Черепналковски

• Добитник на наградата за 2023 година е САЊА СРБОВСКА д.м.и.

5

На свеченоста присуствуваа делегати на Собранието на Комората, Претседавачот Неџат Бајрами, Управниот одбор и други органи на Комората, Делегати од Собранието на РСМ, претставници на градежните компании, здруженија и организации, државни и образовни институции и семејствата на наградените инженери.

Повеќе за ова на страната на КОАИ

Испрати коментар

Scroll To Top