Насловна / Архитектура / Куќа на островот Паг со импресивен двор

Куќа на островот Паг со импресивен двор

Секаде низ светот, па и на нашите балкански простори, е сосема нормално низ списанијата и порталите, особено тие што ја имаат aрхитектурата како содржина, да се излагаат домови, вили, апартмани.., кои се одликуваат со своја специфика, било како екстериер или ентериер, дворно уредување и сл. Кај нас тоа не е така. Стравот од малограѓанштината, ја прави табу тема слободата на презентирање на приватниот дом и простор. Ние се ПЛАШИМЕ и СРАМИМЕ јавно да си го покажеме своето убаво дело, за некоја „шушумига“ дa не направи од тоа лоша приказна. И тоа е само кај нас така. До кога?

„Порта 3“ објави повик до сите интересенти: архитекти и сопственици на убави домови за презентација на нашите страници. Скромен е почетокот. Не сме сигурни дека ќе има некоја навала во тој правец. Просто за жалење сме, колку сме затворени, конзервативни, никакви.

 

Хрватското приморје изобилува со убави предели, прекрасни плажи и мал милион природни и климатски можности за инспиративни куќи. Студиото LOG – URBIS  проектира и изведе импресивна модерна градба на островот Паг.   kuca-Olive-Hrvatska-1 (3)

Архитектите, концептот за проектот го базираат на неколкуте основни постулати:

Карактеристичната конфигурација со јужна ориентација на теренот, медитерантската клима која овозможува пријатен престој на отворено, традиционалната градба со познатиот квалитет на Пашкиот камен, дрвени ролетни, бродски тераси и се разбира автохтоната далматинска вегетација.kuca-Olive-Hrvatska-1 (4)

Црвениот камен од локално потекло се користи за изведба на терасите со различна висина, со поглед кон морскиот брег. Куќата е дизајнирана за секојдневно живеење на брачен пар, за честа посета на нивните возрасни деца, како и за големиот број пријатели. Горниот кат е со содржини за комплетно живеење, кои го опкружуваат атриумот со централното место за маслинка, по која е и името на куќата – Олива.    Pag 6

 

Кујната и трпезаријата, терасата, летната кујна и дневниот престој гледаат кон морето.

Приземјето содржи додатни содржини, како вински подрум, велнес и фитнес зона кои се отвораат преку наткриена тераса до отворениот базен. Базенот, долг преку 17 метри, е линеарно обликуван како патека за пливање.

u Pg 1 Pag 2 Pag 3 Pag 4 Pag 5  Pag7

Куќата има и карактеристики на енергетско одржлив објект со зелен кров, еколошки материјали, користење на геотермална енергија и, се разбира, сончеви колектори.

Дворишното решение со медитеранскиот шмек се шлагот на тортата на овој прекрасен дом.

Pag8kuca-Olive-Hrvatska-1 (3)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top