Насловна / Архитектура / Куќа Н во Чиле

Куќа Н во Чиле

Проектантското биро од Чиле, Felipe Assadi Arquitectos создаде долга бетонска куќа на стрма локација со поглед на Тихиот Океан, со големи конзоли кои формираат покриени балкони и правоаголен базен. Куќата Н сместена е во малото чилеанско градче на бреговите на Тихиот Океан, Запалер.

5

Нејзината чиста и издолжена форма создава силен контраст со бујната планина.
Куќата е изградена од армиран бетон, со две големи греди поставени по должина на покривот и првиот кат. Вака поставената конструкција им овозможува на двата краја на зградата да се прошират седум метри над главната конструкција, создавајќи покриени тераси со непрекинати погледи.

8

4
Долгата фасада е орјентирана кон океанот и речиси целосно е застаклена на двете нивоа, додека бетонските ѕидови кон планината имаат многу помали отвори.

На горното ниво сместени се заедничките простории пространа дневна соба, трпезарија и кујна на едниот крај. Главната спална соба е исто така на горното ниво сместена на другиот крај од куќата со свој надворешен простор. Овие простори се одделени од терасата со стаклени лизгачки врати кои кога се отворени ги обединуваат внатрешниот и надворешниот простор.

1

На долното ниво проектирани се останатите спални и гостински соби со соодветни пропратни содржини.
Над горното ниво проектирана е рамна, проодна тераса преку целата основа на куќата од каде се простира прекрасен поглед и на океанот и на планината.

6
Базенот е поврзан со океанот. Од дното на базенот се спушта блага рампа до плажата.

7

2

3

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top