Насловна / Архитектура / Куќа која лебди во грчки лозови насади

Куќа која лебди во грчки лозови насади

Грчкото биро Kapsimalis Architects инспирирано од околните ридови, во централниот дел на островот Санторини, дизајнираше куќа со поглед кон морето. Со цел да се постигне илузија на издигнување, архитектите за почеток почнале да копаат дупка длабока три метри која зафаќа површина од 20 х 10 метри, а дел од земјата и зеленилото биле префрлени на покривот на зградата, така што погледот од небото бил речиси непроменет. Од остатокот од земјата околу зградата е подигнат терен, така што тој на хармоничен начин се вклопува во неговата околина.

grcija1

Сепак, она што го прави овој објект специфичен е тоа што приземјето е покриено со рефлектирачки површини, покажувајќи дека оваа куќа изгледа како да плови во лозови насади.

Станбените простори се организирани во подрумот и на приземје, додека највисокото ниво на зградата, освен една зона наменета за канцеларијата, е претежно организирана како тераса.

grcija

Приземјето е дизајнирано во согласност со околниот терен, камуфлирајќи се во пејзажот, благодарение на фасадата од огледало. Приземјето е организирано на отворен план и покрај кујната со трпезарија и дневна соба има и спална соба со бања.

На источната страна се наоѓа дворот со базен, и се пристапува од приземјето, додека главниот влез на зградата е на западната страна, а има и пристап до терасата на покривот и подрумот.

Во подрумот има простории за складирање и технички простории во прилог на работната површина.

grcija2

На првиот кат има и работилници, кои се изолирани со дебели ѕидови, отпорни на силното островско сонце, и токму поради оваа конфигурација, се создава чувство на престој под земја.

Во одредени делови за да се олесни масивниот изглед на зградата и да се овозможи проток на природна светлина во приземјето, архитектите на површина формирале комбинација на засводен покрив и пирамидални отвори.

grcija3

Со цел подобро да се интегрира објектот во околината, палетата на материјали и бои е многу природна. Таваните, подовите и ѕидовите се во земјени тонови, додека преградните ѕидови се прекриени со дабово дрво. Купот мебел има едноставен дизајн и е во светли бои или во дрво.

На самиот врв на зградата постои слој на земја во која се засадени лозја, така што зградата ќе биде природно продолжување на нејзината околина.

grcija4

grcija5

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top