Насловна / Вести / Кредит од EBRD за електрични и еуро 6 автобуси во Приштина

Кредит од EBRD за електрични и еуро 6 автобуси во Приштина

Европската банка за обнова и развој (EBRD), ја продолжува својата посветеност за подобрување на системот на градскиот превоз во Приштина, со обезбедување на кредит до 10 милиони евра во скллоп на програмата „Зелени градови“. Кредитот ќе биде одобрена на приштинското претпријатие за јавен сообраќај и ќе се користи за набавка на 30 автобуси – 24 со норма еуро 6, како и 6 електрични автобуси со сооодветната инфраструктура за нивно полнење. Целта на Приштина е да ги зголеми услугите и да ја подобри доверливоста и ефикасноста на системот за јавен превоз.

pristinabus1

Проектот првенствено ќе ја промовира зелената транзиција со ублажување на влијанието градскиот сообраќај врз животната средина и намалување на емисиите на стакленички гасови за 76%. „Промовирањето на зелената економија е еден од нашите стратешки приоритети во Косово. Горди сме што соработуваме со градот Приштина на подобрување на градскиот превоз и значително намалување на загадувањето“, изјавила Susan Goeransson, директорка во EBRD за Infrastructure Europe.

pristinabus2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top