Насловна / Вести / Бетон со челична шљака наместо цемент – поевтин, поцврст и поодржлив од стандардниот

Бетон со челична шљака наместо цемент – поевтин, поцврст и поодржлив од стандардниот

Бетонот е меѓу најкористените материјали кои се направени од човекот. За жал, неговата клучна состојка е цементот, чие производство сочинува околу 8% од светските емисии на гасовите со ефект на стаклена градина. CarbiCrete е технолошка компанија со седиште во Монтреал, која решила да ги промени овие состојби. Нивната патентирана технологија го отстранува јаглеродот и овозможува производство на бетон без цемент, со користење на индустриски нуспроизводи и зафатен јаглерод диоксид.  Со помош на оваа технологија се произведуваат различни монтажни градежни материјали кои се појаки, поевтини и се поодржлива алтернатива од цементот.  CarbiCrete обезбедува поддршка на производителите со цел да ја имплементираат оваа технологија во своите постоечки постројки. Директорот на маркетинг на CarbiCrete,  Yuri Mytko истакнува дека за секој тон бетон произведен на овој начин се отстрануваат 150kg CO2. Тој вели дека процесот е идентичен како и кај стандардниот бетон, но се разликува по две нешта.

carbicrete1

carbicrete2

Првата разлика е во тоа што цементот е заменет со мелена челична шљака која е нуспроизвод од производството на челик, а има улога на срвзувач. Второ, бетонот станува поцврст со помош на CO2, наместо топлинска енергија односно пареа, а процесот се одвива во специјализирана, затворена апсорпциона комора. Во текот на овој процес на карбонизација, CO2 се „зафаќа“ и се претвора во стабилни калциум карбонати, пополнувајќи ги празнините со цел да се формира густа структура и да се зголеми цврстината на бетонот.  Компанијата планира да им издава лиценци за својата технологија на производителите ширум светот. Уште една добра вест е дека овој бетон е поевтин од стандардниот, бидејќи наместо цемент с екористи челична шљака која се смета за отпад. Во партнерство со канадската компанија Patio Drummond, се најавува производство веќе од наредниот месец, со што ќе бидат добиени првите од ваков тип комерцијално достапни бетонски блокови на светот.

carbicrete3

 

Испрати коментар

Scroll To Top