Насловна / Архитектура / Креативниот центар на Универзитетот York St John

Креативниот центар на Универзитетот York St John

Креативниот центар проектиран од Tate + Co Architects на Универзитетот York St John (YSJ) во Велика Британија е нискоенергетска зграда, која е дом за студии по музика и компјутерски науки на Универзитетот, со специјализирани простори за перформанси, креативно пишување и медиумска продукција.

1

Три главни концепти се основа на проектантскиот пристап, кои се евидентни во Центарот. Прво, тоа е навистина одржлива зграда, со значителна употреба на дрво и едноставна контрола на климата. Второ, главниот атриумски простор ги обединува сите градежни елементи заедно, одразувајќи го најновото размислување во високото образование да создадат „трети простори“ за интердисциплинарна соработка. И последно, Центарот максимално ја користи својата близина до катедралата во Јорк, поврзувајќи го Универзитетот со наследството на околниот град. Низ целиот атриумот, салата за рецитали и салата за критичко слушање, се со погледи кон катедралата, што се внимателно се врамени, потенцирајќи го овој живописен поглед на историското место.

2

4

Материјалите со низок удел на јаглерод, како што се ламелирано дрво и CLT, користени се за изградбата на Центарот, како дел од пристапот на архитектите „fabric-first“; кои ги користеле принципите на Пасивна куќа за да постигнат оценка BREEAM Excellent во однос на одржливоста. Работејќи заедно со консултантот за еколошки дизајн Atelier Ten, еколошките акредитиви на проектот постигнати се со користење на тројно застаклување, правејќи ја зградата херметичка, обезбедување едноставни оперативни системи – како што се прозорци што се отвараат и комбиниран систем за климатизација со механичка и природна вентилација во училниците.

6

7

Студентската заедница и соработката ја обезбедиле основата на концептот на проектот, со 2.000 квадратни метри флексибилни наставни простори кои можат да се прилагодат за да одговараат на потребите на студентите и идната еволуција на динамичната наставна програма на YSJU. А просторите без столбови овозможуваат голема разновидност на потенцијални конфигурации, вклучувајќи широки отворени простори или повеќе мобилни поделби. Централниот дел на Креативниот центар е аудиториум со 200 седишта, кој може да биде домаќин на настапи на студентите во живо, настани на заедницата и конференции од висок профил. Обвиткан е со префабрикувано дрво, повикувајќи се на високите, тенки ниши кои ја красат блиската катедрала.

13

16

Новиот атриум ќе стане срцето на заедницата со 550 квадратни метри простор за групно учење и одмор, научен простор, поврзувајќи ги наставните области со аудиториумот и промовирајќи преплетување помеѓу креативните дисциплини. Кровот од стаклени и дрвени ламели овозможува природната дневна светлина да влезе во зградата, додека атриумот делува како изложбен простор, непрограмиран простор за настава и театарско фоаје со скали кои нудат седење за предавања и претстави.

11

12

14

15

17

19

20

21 22 23 24 25 26 27

Испрати коментар

Scroll To Top