Насловна / Вести / Косово: Инсталирање на првиот голем соларно-термален систем во регионот за добивање на топлинска енергија

Косово: Инсталирање на првиот голем соларно-термален систем во регионот за добивање на топлинска енергија

Проектот за далечинско греење Solar4Kosovo го означува почетокот на сериозното користење на соларната енергија за производство на топлинска енергија за греење во регионот на Западен Балкан.  Големите соларни термални проекти се оценети како одлично решение за декарбонизација на далечинските системи за греење и намалување на загадувањето на воздухот во регионот.  Финансирањето на проектот за Косово го обезбедиле KfW банка, Европската унија и Европската банка за обнова и развој (EBRD).

kosovo1

Инвестицијата во Косово вреди 80 милиони евра и вклучува два гранта – од германската KfW банка и од Европската унија, во вредност од 31,6 односно 21,5 милиони евра.Остатокот од проектот се финансира со кредит од EBRD во износ од 23,2 милиони евра. Проектот предвидува инсталирање на соларни термални колектори со моќност од 30 MW, и зголемување на капацитетот на системот за далечинско греење, со кое управува претпријатето Termokos, за 50 MW.

kosovo2

Оваа инвестиција во Приштина е првата од неколкуте кои се планирани од страна на Фондот за обновливи извори во системите за далечинско греење на Западен Балкан (ReDEWeB), кој промовира корситење на обновливи извори во далечинските системи за греење и ладење. Во моментот во план е имплементација на уште пет соларно термални проекти во регионот, од кои сите се во Србија – Белград, Ниш, Бор, Нови Сад и Панчево. Во Панчево засега се наоѓа единствениот оперативен соларно термален систем во регионот.

termokos3

 

Испрати коментар

Scroll To Top