Насловна / Вести / Сите социјални мрежи работеле по упатства на ЦИА и ФБИ, изјави Илон Маск

Сите социјални мрежи работеле по упатства на ЦИА и ФБИ, изјави Илон Маск

Сите социјални мрежи соработуваат со американската влада на цензурирање на содржината, изјави во вторникот извршниот директор на Твитер, Илон Маск.

Документите што ги објави Маск по купувањето на Твитер покажуваат дека платформата се договарала со ФБИ, ЦИА, Пентагон и други владини агенции за да ги прикрие информациите за изборите, Украина и Ковид-19.

ил2

„Сите компании за социјални медиуми се вклучени во жестока цензура, со значително учество, а понекогаш експлицитни упатства од владата“, напиша Маск на Твитер. Покрај тоа, според неговите зборови, Google често прави тие врски да исчезнат.

Маск мислеше на интерна комуникација на Твитер која ја објави новинарот Мат Таиби со негово одобрување, а која сугерирала дека високи раководители на Твитер одржувале редовни состаноци со членови на ФБИ и ЦИА, за време на кои агенциите им доставувале списоци со „стотици проблематични налози“ кои треба да бидат суспендирани пред изборите во САД во 2020 година.

il

Освен со Твитер, владата била во контакт „со речиси секоја поголема технолошка фирма“, тврди Таиби.

„Тоа ги вклучува Facebook, Microsoft, Verizon, Reddit, дури и Pinterest.

Агентите на ЦИА „речиси секогаш“ присуствувале на состаноците на овие фирми со работна група за надворешно влијание на ФБИ, тврди Таиби.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top