Насловна / Вести / Косово и Air Energy 2 потпишаа договори за изградба на ветерни паркови и соларнa електранa со моќност од 100MW

Косово и Air Energy 2 потпишаа договори за изградба на ветерни паркови и соларнa електранa со моќност од 100MW

Компанијата Air Energy 2, која се занимава со развој на проекти во енергетскиот сектор, планира изградба нa два ветерни парка и соларна електрана со вкупна инсталирана моќност од 99,6MW. Косовскиот оператор на преносниот систем за електрична енергија KOSTT и компанијата Air Energy 2, потпишаа договори за приклучување на трите електрани на преносниот систем. Почетокот на изградбата на електраните е планиран за 2021 година, додека производството на електрична енергија од истите се планира да започне до крајот на 2024 година. Станува збор за ветерните паркови „Каменица 1“ (34,8 MW) и „Каменица 2„ (34,8 MW), како и соларната централа „Каменица 3“ (30 MW).

kostt1

Трите проекти за обновлива енергија ќе бидат поврзани на 110kV преносна мрежа со далековод со должина 25 километри, преку трафостаницата Гњилане 5.

Во моментот Косово има само еден ветерен парк – „Китка“, со инсталирана моќност од 32,4MW, кој ќе биде проширен за дополнителни 20MW. Електраната е развиена од страна на компанијата  Air Energy, фирма ќерка на турската Guris Holding. Инаку, во тек е изградба на уште два ветерни паркови. Имено, се очекува „Бајгора“ со инсталирана моќност од 105MW, да започне со производство во април 2021, додека Energy Point го развива проектот за ветерната електрана „Будаково“ со инсталирана моќност од 46MW. Кога станува збор за соларната енергија во Косово, досега се инсталирани над 20MW.

Kostt2

 

Испрати коментар

Scroll To Top