Насловна / Арт и дизајн / Изложба на Роберт Дандаров во Музеј на град Скопје

Изложба на Роберт Дандаров во Музеј на град Скопје

Денес, со почеток во 12.30 часот во Музејот на град Скопје ќе биде отворена изложба со творештвото на Роберт Дандаров. Дандаров е еден од најзначајните македонски уметници кои живеат и работат во странство (Њујорк, САД).

Роберт Дандаров е еден од малкумината македонски уметници кои се афирмирани надвор од Македонија, а чие творештво не е презентирано на соодветен начин во сопствената земја. Од тие причини Музејот на град Скопје подготви и монографија (стр. 268; 150 колор фотографии; тираж 350 примероци) чиј автор е историчарот на уметност Емил Алексиев. Монографијата ќе биде промовирана на почетокот од следната година.

Роберт Дандаров - покана1

Испрати коментар

Scroll To Top