Насловна / Вести / Конзервација на фрескоживописот во црквата „Св. Ѓорѓија“ во Струга

Конзервација на фрескоживописот во црквата „Св. Ѓорѓија“ во Струга

sv gjorgjija struga konzervacija

Со поддршка на Министерството за култура во тек е конзервацијата и ревитализацијата на фрескоживописот на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Струга, значаен споменик на културата од 19 век.

Конзервацијата на фрескоживописот која се одвива во неколку фази е од исклучителна важност, особено од иконографски аспект и е дел од програмата на Министерството за култура за заштита на недвижното културно наследство.

Во рамките на проектот стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците од Охрид, во изминатиот период извршија истражувачки работи на фрескоживописот, беа отстранети наталожените нечистотии, а беше извршена и консолидација на испуканиот обоен слој.

Храмот посветен на великомаченикот свети Ѓорѓија во Струга, кој импонира со својата големина е изграден врз темелите на постара црква која датира од периодот на владеењето на Цар Самоил.

Во црквата се наоѓа и најстарото познато сликарско дело, исцелителната икона со претстава на св. Ѓорѓија во цел раст, насликан фронтално со меч и копје во рацете, која датира од 1267 година.

Испрати коментар

Scroll To Top