Насловна / Вести / Изложба на студија од летниот семестар 2014/2015 на Архитектонски факултет

Изложба на студија од летниот семестар 2014/2015 на Архитектонски факултет

letensemestar arhitekotnski fakultet

Од утре започнува изложбата на архитектонски студија од летниот семестар 2014/2015 на Архитектонскиот Факултет во Скопје. Студентите уште еднаш ќе го преобразат факултетот во простор за изложување на финалните резултати од изминатата година.

Со проекти од сите генерации и вкупно седум студија, изложбата ги опфаќа следниве архитектоски теми „Павиљон во дворот на АФС, Атеље за уметник, Стара скопска чаршија, Станбен џеб на кејот на реката Вардар, Велес, Мултимендијален центар, Штип, Куќа на гемиџиите – колективно домување, Велес, Вертикален гимназиум, Прилеп, Урбана форма, Скопје.

Изложбата ќе биде отворена од 16 јуни и ќе трае до 23 јуни. Отвoрањето е во 12 часот, почнувајќи од Големата Сала. Сите заинтересирани можат да продолжат на заедничка прошетка и отварање на секој дел посебно, со обраќања од менторите а и самите студенти.

Испрати коментар

Scroll To Top