Насловна / Вести / Конкурс за „Треска“ ќе има, но има и несогласувања

Конкурс за „Треска“ ќе има, но има и несогласувања

Вчера во Општина Центар се одржа вонредна седница на која советот со 12 гласа „за”, изгласа дека по пат на конкурс ќе се избира урбанистичко решение за дел од ДУП Буњаковец 2, Градска четврт З 11, локацијата „Треска“.

treska_resize

Седницата која беше закажана за 15:30 часот, почна со едночасовно задоцнување. На седницата советниците се расправаа дали да се води како нова седница или како вонредна. Градоначалникот Саша Богдановиќ рече дека според него е подобро да биде вонредна, на која тој ќе изнесе предлог заклучоци во однос на конкурсот, но остави советниците да одлучат. Претседателката на Советот на Центар беше со став дека оваа седница за Иницијативата за конкурс не треба да биде одржана како вонредна и со нови заклучоци кои се разликуваат од заклучоците на претходната седница, кои не биле прифатливи за градоначалникот.

goso_resize

Советникот Ѓошо Вангелов изрази загриженост дека општината немала доволно средства да покрие вакви конкурси и дека можело да се интервенира и во други делови од општината, кои биле помали и ќе чинеле поефтино, како на пример делот оклу градинката во Дебар маало каде жителите сакале да нема згради, а да има парк.

Претседателката на Советот ја напушти седницата и таа продолжи како вонредна, а ја водеше советничката, архитект Цветанка Симоновска.

cica_resize

На седницата се обрати, а не се претстави и Ивица Јаќимовски еден од сопствениците на парцела на локацијата кај Треска и актуелен Претседател на Градежна комора на Македонија при ССМ, кој се пожали дека било незаконски општината на туѓа стекната сопственост да распишува конкурс, впрочем како што и моратотиумот бил незаконски. На коментарот да се претстави кој е, а и да објасни што се подразбира што е стекната сопственост не даде одговори.

На вонредната седница советниците со 12 гласа „за“ ги усвоија предлог заклучоците на градоначалникот.

sasa_resize

Од општината соопштуваат дека за разлика од едно не толку минато време, кога тајно се носеа ДУП-ови во доцните вечерни часови, никнуваа градби и се поставуваа разни споменици на случајно одбрани локации, ова општинско раководство и овој состав на Советот транспарентно и отчетно, со присуство на целата јавност, ја усвои одлуката за распишување на јавен конкурс за урбанистичкото уредување на локацијата, позната како поранешна фабрика „Треска“. За зголемување на степенот на транспарентност пред јавноста, во изборот и оценувањето на доставените конкурсни решенија за локацијата, општината ќе ја вклучи целата стручна јавност – Архитектонскиот факултет, Асоцијација на Архитекти и Комора на архитекти.

IMG_resize

Заклучоци изгласани на седницата

По седницата за конкурс, Претседателката на Советот го изнесе своето видување:

Наследивме град врз кој се изживувале политички и бизнис елити, без љубов, а со алчност за сопствените интереси и богатење. Она за што се борев е да го вратиме достоинството на граѓаните, да го издигнеме јавниот интерес и правото на град на секој жител над интересите на поединци.

Локалната власт е онаа најблиску до граѓаните и првиот „шалтер„ каде треба да се обрати за своите проблеми.

jana1_resize

Урбаното планирање е токму област во која локалната власт мора да докаже дека простор ќе ги обезбеди овие јавни интереси, а нема да дозволи личната корист и дивото узурпирање да надвладее и остави неквалитетни последици за сите. На крајот, планирањето на просторот е техничка, но и политичка функција.
Конкурсот како инструмент за натпревар на креативни идеи е можност да се докаже дека општината навистина ги штити јавните интереси. Бараниот Конкурс за Треска е крик на граѓаните дека просторот во кој живеат не е по нивна мерка, дека им недостасува некој да ги чуе и разбере и да им го врати спокојот и убавината во секојдневието. Затоа важноста на прифаќање да се решава конкурс за Треска требаше да биде доказ дека локалната власт го слуша овој крик. Жал ми е што административните бариери беа пречка за прифаќање на граѓанската иницијатива, иако бариерите се поставени токму од власта и таа треба да ги отстранува за да ја охрабри соработката со граѓаните. Но најмногу жалам што градоначалникот смета дека има дискреционо право да одлучува за Комисија, за финансирање и за дефинирање на барањата. Неговите предлози за тоа како и кој ќе ги дефинира влезните параметри по кој ќе се работи конкурсот, барањата кои мора да бидат задоволени во решението, но уште повеќе како и преку која програма ќе се финансира конкурсот отвораат простор за задоволување на интересни групи, а на штета на јавниот интерес и граѓаните.
Моето залагање и не е за конкурс како легално/технички параван за да се изигра интересот на граѓаните за сметка на политичко-бизнис интересни спреги, како што беше случај впрочем и со Скопје 2014, проект кој “победи” на конкурс. Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните.
Дел од Советниците се натпреваруваа во гласност и се истакнуваа да се произнесат колку е важен приватниот интерес и правото на сопствениците, можеби и додворувајќи се на некои од инвеститорите присутни на седницата, најпрво во задните, а потоа во првиот ред, веднаш до градоначалникот. Тоа ми отвори сомнеж во чесните намери да се пристапи кон решавање на овој простор во градот и повторно да влеземе во игри каде формалниот конкурс би можел да се искористи како параван, а не да биде суштинска промена во планирањето на градот во партнерство со граѓаните, стручните лица и локалната власт, водени од иста цел.
Ненаоѓајќи компромис и желба за дијалог преку кој ќе се зајакне начинот на заштита на јавниот наспрема приватниот интерес, ми беше аргумент да ја напуштам седницата. Самиот назив Конкурс, не значи и квалитет, па ни одлуката ЗА конкурс не значи решение по мерка на граѓаните. Ги повикувам граѓаните на будност и барање транспарентност во целокупниот процес на реализација понатаму.

Испрати коментар

Scroll To Top