Насловна / Екологија / Конкурс за најдобра фотографија на тема „Отпад“

Конкурс за најдобра фотографија на тема „Отпад“

Trash_Art_Bike
Гоу Грин распишува конкурс за најдобра фотографија на тема „Отпад – проблем или можност“. Отпадот може да создаде диви депонии и загадување, но во исто време може да претставува непроценлив ресурс и извор на енергија. Целта на натпреварот е да поттикне размислување кај младите на оваа тема и да стимулира креативно изразување преку фотографијата. Право на учество имаат млади луѓе на возраст од 12 до 18 години од Македонија. За учество е потребно да ја испратите својата фотографија заедно со вашите лични податоци (име, презиме, возраст и училиште) на photocompetition@bidizelen.org со наслов „Натпревар за најдобра фотографија“”.

Критериуми кои мора да ги имате предвид:
-    Секој учесник може да прати само една фотографија
-    Фотографијата не треба да е поголема од 10 МБ
-    Краен рок на испраќање фотографии е 18 ноември, до 12.00 часот
-    Фотографијата треба да претставува ваше лично дело т.е. најстрого се забранува плагијат или копија.

Сите фотографии ќе бидат поставени во посебен албум на Гоу Грин фан страницата. Натпреварот по фотографија е дел од проектот „Од отпад до младинска енергија“ поддржан од Титан цементарница Усје.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top